/ Прочитано:

1.488

АКАДЕМИК ОБУКА: Новините предвидени во Предлог-законот за прекршоците и во Предлог-законот за управните спорови

На 11 април Академик ќе одржи обука на тема „Новините предвидени во Предлог-законот за прекршоците и во Предлог-законот за управните спорови како дел од реформата на правосудниот систем“.

Предавачи на обуката ќе бидат Каролина Стојановска-Богдановска, виш управен инспектор од Државниот управен инспекторат, и Анета Тошевска,  раководител на одделение – Сектор за правосудство при Министерството за правда.

Новиот Предлог-закон за прекршоците и новиот Предлог-закон за управните спорови веќе се влезени во собраниска процедура и наскоро се очекува нивното донесување. Овие предлог-закони се дел од пакетот закони  во рамки на Стратегијата за  реформа на правосудниот систем.

Предлог-законот за прекршоците предвидува олабавување на казнената политика преку драстично намалување на висината на глобите за физичките и за правните лица; градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија при одмерување на глобата; изрекување опомена пред да биде изречена глоба, доколку прекршокот е сторен за прв пат, што позитивно ќе влијае врз бизнис-заедницата.

Со Предлог-законот за управните спорови детално се уредува постапката пред Управниот суд и пред второстепениот суд, се предвидува задолжителност на јавна расправа во постапката и се зајакнуваат можностите за мериторно одлучување на Управниот суд. Исто така, со Предлог-законот се зголемува ефикасноста на управниот спор преку обезбедување на систем за извршување на пресудите и преку скратување на должината на управносудската постапка.

Агенда

  • Клучни новини предвидени во Предлог-законот за прекршоците;
  • Начела врз кои се заснова Предлог-законот;
  • Значајни разлики во однос на постојното законско решение;
  • Забрана за двојно изрекување санкции;
  • Материјални закони кои ќе подлежат на измени и дополнувања поради  донесувањето на Законот за прекршоците;
  • Предвидени законски одредби со кои посебно ќе бидат засегнати правните лица и јавните органи;
  • Влијанија на Предлог-законот врз бизнис-заедницата;

Прекршочна постапка и одговорност во согласност со Предлог-законот за прекршоците

  • Подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка;
  • Правило за изрекување опомена пред изрекување глоба;
  • Разграничување помеѓу административните и судските прекршоци;
  • Клучна новина во одговорноста на физичкото лице како одговорно лице во правното лице;
  • Одмерување на глоба – градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија;
  • Надлежност за водење постапка по сторен прекршок;
  • Тек на прекршочната постапка.

Најзначајни новини во Предлог-законот за управните спорови

  • Најзначајни новини предвидени во Предлог-законот;
  • Начела врз кои се темели новиот Предлог-закон;
  • Ефикасност во водењето на постапката;
  • Задолжителна јавна расправа во постапката, со строго дефинирање на исклучоците;
  • Воведување „модел одлука“ и „модел постапка“.

Тек на постапката за водење управен спор во согласност со Предлог-законот

  • Поведување управен спор;
  • Надлежност на Управниот суд за одлучување по тужбено барање;
  • Одлучување во врска со претходно прашање;
  • Можност за поднесување предлог за враќање во поранешна состојба;
  • Донесување пресуда во спор на полна јурисдикција;
  • Постапување на Судот при усвојување на тужбено барање;
  • Можност за склучување судско порамнување;
  • Постапка по жалба пред второстепениот суд;
  • Новини во системот на извршување на пресудите.

Време и место на одржување на обуката: 11.4.2019 година, 10:00 – 16:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.