/ Прочитано:

1.430

Академик одржа уште една обука посветена на постапките за јавни набавки

Академик заокружи уште една обука посветена на постапките за јавни набавки во согласност со новиот Закон за јавните набавки. Поради големиот интерес, Академик на 2 април ќе одржи уште една обука посветена на истата тема.

Пред бројните учесници, предавачот на обуката, Кирил Каранфилов, кој е претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки, на одржаната обука  говореше за клучните новини во Законот за јавните набавки.

Во таа насока, Каранфилов детално ги образложи постапките за доделување договори за јавни набавки во согласност со Законот, како и прашањето за изборот на најповолна понуда и правната заштита во постапката за доделување договор за јавна набавка.

На обуката имаше бројни дискусии, размена на мислења и презентација на примери од практиката. Учесниците на обуката нагласуваат дека серијата обуки посветени на јавните набавки во организација на Академик имаат исклучителен квалитет, одлични предавања и богата тематска содржина.

„За поздрав е професионалната организација на обуките, како и одлично конципираните предавања. За ваков нов и комплексен закон навистина е потребна ваква квалитетна едукација“, истакнуваат учесниците на обуката.

Прво искуство со Академик и можам да кажам дека има одлични услови, искусни предавачи и солидна организација“, истакнува Билјана Филиповиќ од ЈП „Куманово план“ Куманово.

Просториите на Академик се одлични“,  нагласува Ана Дамјанова од „Блуфарма“ ДООЕЛ.

„Задоволна сум од обуката“, вели Весна Перијоска од ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија.

Пред сè, пофалби за Тренинг центарот Академик за добрата организација на обуката и за подготвениот предавач, кој одлично го пренесе своето знаење“, вели Илсен Салиеска  од „Инекс Горица“.

„Предавачот беше добро подготвен и одлично го пренесе своето знаење“, истакнуваат Тина Петив и Мервана Алити од „Ескаватори МК“ ДООЕЛ и Ивана Димова и Анета Мишевска од  „Фармахем“ ДООЕЛ.

„Организацијата на обуката беше одлична. Исто така, и предавачот беше одличен“, велат Зорица Ацковска од „Кроација осигурување“, Верица Стојковиќ од ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија и Луиза Наков од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

„Со добрата организација и добро подготвениот предавач целта на обуката беше исполнета“, додаваат Владимир Тодороски и Предраг Доневски од  „Пелагонија“ АД Гостивар.

Академик продолжува со обуките за јавните набавки со иста динамика: Нова обука на 2 април