/ Прочитано:

1.175

Антикорупциската комисија прифати повеќе приговори

Државната комисија за спречување на корупцијата разгледа повеќе приговори за прекршување на Изборниот законик и на Законот за корупција и судир на интереси од распишувањето на претседателските избори па сè до денес. Сите приговори се поднесени од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, а се однесуваат на активности на Платежната агенција, како и против градоначалниците на општините Гази Баба и Штип и против в.д. градоначалникот на Ново Село, Струмичко.

Државната комисија за спречување на корупцијата го прифати приговорот на ВМРО – ДПМНЕ против Агенцијата за финансиска поддршка, која во изборен период исплатила 1.250.000 евра на повеќе од 2.000 лозари, но не за субвенции и редовни исплати, туку за исплата на долг на приватни фирми.

Комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница по сопствена иницијатива донесе одлука да отвори постапка во врска со исплаќањето на субвенциите за тутун од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси Државната изборна комисија ќе иницира и прекршочни постапки  за градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, поради склучување договор со Агенцијата за обезбедување имот и лица, во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки.

Исто така, прекршочната постапка е поведена  и против градоначалникот на Штип во врска со  дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства.

Антикорупциската комисија одлучи за првите приговори за законитост на  изборните кампањи