/ Прочитано:

3.217

Дефиниција за совршен адвокат

Низ светската правна и литературна историја, една од поинтересните и поцитираните дефиниции за тоа што всушност треба да претставува адвокатот е познатата мисла на францускиот адвокат Алфонс Габриел Виктор Паје.

akad 4

„Дајте му ги на човек сите духовни способности, дајте му ги сите карактерни доблести, направете дека видел сѐ,  дека научил и  запомнил сѐ, дека без одмор работел триесет години од својот живот, дека истовремено бил писател, критичар и моралист, дека има искуство на старец, живост и оган на момче, непогрешливо помнење на дете, па тогаш можеби со сето тоа ќе имате и совршен адвокат“ – Алфонс Габриел Виктор Паје.

Францускиот адвокат Алфонс Габриел Виктор Паје ( Alphonse Gabriel Victor Paillet) е еден од поистакнатите француски правници и адвокати. Роден е во правничко семејство во 1796 година и целиот свој живот им го посветил на правото и правната наука, практикувањето на адвокатурата и на заштитата на човековите права. Починал во Париз, 1855 година.

Овој истакнат француски правник и адвокат е познат и по своето значајно творештвото во различни области на правото. Тој е автор на повеќе книги посветени на теми од областа на имотното право, наследното право и јавното право, а своите погледи кон правото, законите и заштитата на интересите на граѓаните, можел да ги изрази и на државничко ниво, кога бил делегат во државни тела и законодавни институции.

akad 4

Како едно од истакнатите имиња на француската државно-правна историја, овој значаен претставник на француската адвокатура и нејзиниот историски развој, ужива голем углед и почит во француското општество првенствено поради своите ставови, активности и застапувања како адвокат, како и поради своето книжевно-правно творештво. Во минатото и денес, повеќе спомен-обележја низ Париз се посветени на неговото име и дело.

М.В