/ Прочитано:

2.251

Донесени стратегиите за борба против насилниот екстремизам и тероризам

Владата на РМ ги донесе Националната стратегија на Република Македонија за спречување на насилен екстремизам, со акциски план за имплементација, и Националната стратегија на Република Македонија за борба против тероризам, со акциски план за имплементација. Како што претходно образложија од МВР, стратегиите преставуваат клучни документи во борбата против насилниот екстремизам и во борбата против тероризмот како појдовна основа за институционално дејствување.