/ Прочитано:

1.413

Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите

Постои драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите, изјави денес министерката за правда, Рената Дескоска, која се обрати на Европската конференција за медијација во Скопје.

Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна дека Министерството за правда предвидува низа активности за унапредување на медијацијата, како што се: јакнење на потребните компетенции и вештини на медијаторите, промена на системот за влез во дејноста медијатор, стимулација на примената на медијацијата во судските постапки, но и подигнување на свеста за придобивките од медијацијата.

Според министерката Дескоска, првите резултати од определбата на Владата за унапредување на медијацијата – практикување и промовирање на концептот на медијацијата, веќе се видливи со формирањето на новата Комора на медијатори во јули 2017 година.

„Ако вкупната бројка на медијации од 2007 до 2016 година не можеше да достигне ниту до троцифрен број, веќе од 2017 година се забележува драстична разлика. Лиценцираните медијатори заклучно со 10 април 2019 година прикажаа внесување на 1.364 предмети во регистарот на Министерството за правда“, истакна Дескоска.

„Статистиката на Министерството за правда укажува на фактот дека страните кои влегле во постапка на медијација имаат голема шанса да го надминат спорот. Од вкупно 1.364 предмети кои досега се евидентирани во регистарот на Министерството за правда, 79%, односно 1.079 завршиле со спогодба“, потенцираше министерката за правда.

Анализите на Правда покажуваат дека вака високиот процент, пред сè, се темели на работните спорови, кои речиси 100-процентно завршуваат со постигнати спогодби помеѓу работниците и работодавачот.

Што се однесува до стопанските спорови, Дескоска го потенцираше следниот податок: „од 395 медијации по овој основ пред медијаторите, 129 или 32,6% завршиле со постигнати спогодби и им овозможиле на страните да ги користат сите предности на медијацијата, особено избегнување на огромни финансиски издатоци.“

„Високите парнични трошоци, изгубените партнери и вработени, а пред сè горчината од изгубениот или успешно добиениот спор по низа рочишта и авансирани трошоци, кои неминовно доведуваат до нарушени деловни односи, сигурно, не се желба на бизнис-заедницата. Токму овој аспект е клучен за јакнење на бизнисот: на бизнисот му треба задоволен работник и помали трошоци во работењето и надминувањето на спорните ситуации, односно можност да управуваат со своето време и трошоци“, истакна Дескоска.

Европска конференција за медијација во Скопје

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд

Јавна расправа за Предлог-законот за медијација: Законското решение има недостатоци и треба да се доработи

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Регионални искуства за медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

„Време е превезот врз очите на божицата на правдата да не биде само моден детаљ“ – д-р Срѓан Шимац за предизвиците на правото од аспект на медијацијата

ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески

Медијацијата нуди многу предности за граѓаните и за деловните субјекти – интервју со д-р Зоран Вучев, лиценциран медијатор

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

Начела на медијацијата

Мислењата на анкетираните судии за медијацијата – извештај за примената на алтернативното решавање на спорови

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите

Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација

ЗАСТАПНИЦИТЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ: Судијката Антоанета Димовска за примената на новите измени во ЗПП

М.В