/ Прочитано:

953

Јавна дебата: Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните

Денеска во организација на Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација се одржа jавна дебата на тема „Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните“.

Настанот го отворија министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  Ричард Малион од Британската амбасада Скопје, Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, и  Александар Николов од Асоцијација Зенит.

Министерот за информатичко општество и администрација ја потенцираше важноста на процесите кои како целина ги нарекува „масовна дигитализација“ која ќе овозможи побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните и бизнисите. Во заложбата за модернизација на јавната администрација, под водство на Министерството, се воведува нова правна рамка за овозможување електронски услуги, се јакне технолошката инфраструктура на јавните институции, но и ќе се работи на градење на капацитетите во институциите за да им ги испорачуваат услугите на граѓаните електронски, за тие да ги прифатат и да ги користат.

Ричард Малион, раководител на програмата на Британската амбасада Скопје, како одличен пример ги наведе услугите што им се нудат електронски на британските граѓани. Тој порача дека Владата на Обединето Кралство ќе продолжи да ги поддржува ваквите реформи сè додека Македонија не стане исклучително добар пример за функционална јавна администрација.

Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, објасни дека причините и мотивацијата на граѓанскиот сектор да се вклучи во подобрувањето на услугите е поради тоа што реформите во администрацијата генерално се однесуваат само на работата на службениците внатре, а граѓаните не се вклучени. Токму неопходноста на развивање на концептот на испорака на јавните услуги според потребите и барањата на граѓаните, а не според размислувањата на институциите кои ги испорачуваат услугите, бара воспоставување ваков форум кој ќе се фокусира на квалитетот за граѓаните.

Целта на јавната дебата беше да се дадат предлог-решенија на предизвиците во испораката на јавните услуги. Фокусот беше ставен на оптимизација и дигитализација на услугите, а во насока на прибирање мислења од сите засегнати страни на овие теми и дефинирање на решенија кои ќе бидат насочени кон потребите на граѓаните.

На настанот беа споделени наоди од анкетата за задоволството на граѓаните од јавните услуги и нацрт-препораки за подобрување на јавните услуги и беше презентиран процесот на внесување и верификување јавни услуги во Каталогот на јавни услуги од страна на експерти и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација.

Оваа јавна дебата беше во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, кој се фокусира на развивање на концептот на испорака на јавните услуги според потребите и барањата на граѓаните, а не според размислувањата на институциите што ги испорачуваат услугите. Активностите на проектот, пред сѐ, се однесуваат на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за заштита на интересите на граѓаните и нивните основни права, преку што придонесуваат за јакнење на еден од главните столбови на современите демократски општества – отчетна, транспарентна, отворена, инклузивна и ефективна јавна администрација, со висококвалитетни услуги за граѓаните. Проектот е поддржан од Европската Унија и од Владата на Обединетото Кралство, а спроведуван од страна на Центарот за управување со промени – ЦУП.

Законите за електронски услуги, за електронски документи и за регистар на население влегуваат во собраниска процедура

Јавна трибина за Законот за централен регистар на население и за Законот за електронско управување и електронски услуги

МИОА ги објави законите за централниот регистар на население, за електронското управување и за електронските документи

Кои лични податоци на граѓаните ќе ги содржи базата на податоци за воспоставување електронски регистар на население

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Владата најавува Регистар на население кој би можел да го замени пописот

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Предлог-законот за бесплатна правна помош и Предлог-законот за електронско управување влегуваат во собраниска процедура

Законски ќе се утврдува содржината на барањата за административните услуги по електронски пат

М.В