/ Прочитано:

1.020

Јавна расправа за Предлог-законот за социјалната заштита

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи јавна расправа за Предлог-законот за социјалната заштита.

Социјалната заштита се дефинира како организирана дејност од јавен интерес, која се остварува преку систем на политики, програми и мерки за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните со цел: промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните, спречување на социјалната исклученост, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен живот.

„Сите досегашни анализи недвосмислено покажуваат дека системот на социјалната заштита в се наоѓа во фаза во која е неопходно да се преземат суштествени реформи, пред сè, со цел да се подобри ефективноста на паричните давања и ефикасноста на социјалните услуги што се испорачуваат до крајните корисници“, велат од Министерството за труд и социјална политика, кое го подготвуваше Законот за социјалната заштита.

МТСП: Со новиот Закон за социјална заштита се овозможува поквалитетен живот за лицата со попреченост

Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата на старите лица

Кои лица ќе може да го остварат правото на социјална пензија според новиот Предлог-закон

Граѓанските организации бараат во Собранието итно да се стават на дневен ред законите  за социјална заштита и за заштита на децата

Објавен текстот на Предлог-законот што предвидува социјална пензија на стари лица

Јавна консултација за Предлог-законот за социјална заштита

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Ќе се менуваат законите за пензиското осигурување и за придонесите од задолжително социјално осигурување

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Во подготовка Закон за социјалната заштита, чија цел е подобрена ефикасност на социјалните услуги

М.В