/ Прочитано:

997

Конференција во Загреб за глобалниот правен тренд технологија и право

Медиумската куќа „Баг“, во соработка со еминентни стручњаци за технологија и право, на 4 јуни во Загреб во Центарот за знаење, креативност и иновации „ХУБ 385“ организира конференција посветена токму на темата за технологијата и правото како водечки правен тренд во светот.

Предавачи на конференцијата ќе бидат реномираните хрватски адвокати и експерти во областа на технологијата и правото Младен Вукмир и Викторија Кнежевиќ.

По експанзијата во САД и напредните западни земји, практичната примена на технологијата и правото полека но сигурно доаѓа и во регионот. Очекувањата се дека во следните неколку години примената на технологијата и правото, како поврзани дисциплини, ќе го промени начинот на работа на правниците и адвокатите.

И тоа се однесува на сите аспекти на правото, од казненото преку корпоративното и облигационото право, па сè до практикувањето на правото во контекст на давањето правни совети и подготовката на правни анализи.

Сепак, за глобалниот правен тренд, кој е тема на конференцијата во Загреб, потребна е едукација, што е и една од целите на големиот настан. Прашањето за технологијата и правото во САД е доведено до степен што дури и за време на правните студии на студентите им се препорачува да изберат предмет од доменот на технологијата.

Познавањето на технологијата во контекст на правото во современиот деловен свет има големо практично значење за компаниите, адвокатските фирми и мултинационалните корпорации кои инвестираат многу во оваа насока. Развојот на технологија и правото, нагласуваат тие, значи создавање нови генерации правници на иднината.

Деталите за конференцијата може да се погледнат на следниот линк.