/ Прочитано:

4.869

Новиот Закон за урбанистичко планирање во собраниска процедура

Владата го поднесе  новиот Закон за урбанистичко планирање во Собранието. Целта на Предлог-законот е подобрување на законските решенија во областа на урбанистичкото планирање.

Основните решенија во Предлог-законот се олеснување и упростување на постапките за изработување и донесување на урбанистичките планови и урбанистичките проекти; зголемување на транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот на изработувањето, донесувањето, спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови; уредување на хиерархијата на урбанистичките планови и јасна поделба помеѓу општи акти за планирање на просторот и поединечни акти за нивното спроведување, како и јасна диверзификација на постапките и надлежностите за нивното изработување и донесување, како и воспоставување на законска основа за развивање и операционализација на информациски систем за следење на изработувањето, донесувањето, спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови.

Објаснување на содржината на одредбите на Предлог-законот

„Со Предлог на Законот за урбанистичко планирање се уредува системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон, прекршочните одредби, како и други работи од областа на урбанистичкото планирање.

Во глава I од Предлог на законот која гласи „Општи одредби“, се пропишани општите одредби од предлог на законот, односно содржи предмет на законот, значења на поими и изрази, систем на просторно и урбанистичко планирање, хиерархиска и  хоризонтална усогласеност на системот, јавен интерес, спроведување на плановите, услови за планирање на просторот, предмет на уредување на урбанистичките планови и цели и начела на урбанистичкото планирање.

Глава II од Предлог на законот која гласи „Урбанистички планови“ содржи одредби за видовите на урбанистичките планови, документационата основа на урбанистичките планови, поблиската содржина, размер, форма и начин на изработка н урбанистичките планови, надлежни органи за нивно донесување, фази на изработка и донесување на урбанистичкте планови, планскиот период и важење на урбанистичките планови, како и стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

Глава III од Предлог на законот која гласи „Постапка за донесување на урбанистички планови“ содржи одредби за отпочнување на постапка за донесувањето на урбанистичките планови, постапка за нивно изменување и дополнување, синхронична и обединета постапка за изработување и донесување на планови, постапки за изработување и донесување на планови со плански опфат во повеќе општини, постапка за техничка исправка на урбанистички план, како и постапка на изработување и донесување на урбанистичките планови во информацискиот систем е-урбанизам.

Глава IV од Предлог на законот која гласи „Процес на изработување и донесување на урбанистички планови“, содржи одредби кои се однесуваат на органи и тела надлежни за водење на постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, иницијатива за изработка на урбанистички план, програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, услови за планирање на просторот, ажурирани геодетски подлоги, планска програма, избор на изработувач на урбанистичкиот план и урбанистичкиот проект, партиципативно тело, податоци, информации и мислења од државните органи, институции, установи и правни лица кои вршат јавни надлежности, стручна ревизија и стручна расправа, јавна презентација и јавна анкета, согласност на предлог на план, обврски за предавање, чување и презентација на плановите, дигитално преклопување на плановите и пренамена на земјиштето во градежно земјиште.

Глава V од Предлог на законот која гласи „Спроведување на урбанистички планови“, содржи одредби за извод од урбанистички план, урбанистички проект, постапка за одобрување на урбанистички проект, урбанистички проект со план за парцелација, потврда за урбанистичка согласност, следење на спроведување и реализација на плановите и извештај за состојбите во просторот.

Глава VI од Предлог на законот која гласи „Вршители на стручни дејности за изработување на урбанистички планови и урбанистички проект“, содржи одредби за овластување за изработувањето на урбанистички планови, лиценца за изработување на урбанистички планови, одземање на лиценци и овластувања, работи на правно лице со лиценца за изработување и стручна ревизија на урбанистички планови, организациски форми за вршењето на работите од урбанистичкото планирање, Градско биро за урбанизам и Тарифник за вредност на работи од урбанистичкото планирање.

Глава VII од Предлог на законот која гласи „Надзор“, содржи одредби за  вршењето на надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на него, при што надзорот го врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Инспекцискиот надзор го вршат урбанистички инспектори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Глава VIII од Предлог на законот се однесува на прекршочните одредби. Пропишана е постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог согласно со Законот за прекршоците.

Последната глава IX од Предлог на законот се однесува на преодните и завршните одредби, при што пропишано е дека со денот на влегување во сила на овој закон, престанува да важи Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17 и 64/18).“

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В