/Прочитано:

160

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Законот за спречување на корупција е на оценување во ЕУ, по што европските експерти наскоро ќе ги достават последните препораки за законот. Министерката Дескоска појаснува дека  според препораките од Европската комисија потребна е комисија којашто ќе биде избрана по највисоки критериуми и додава дека во моментот во Министерството за правда се очекуваат последните препораки од европските експерти што се однесуваат на процесот на селекцијата на кандидатите за членови на ДКСК.

„Законот за спречување на корупција беше изработен во еден инклузивен процес во Министерството за правда и го испративме на мислење на експерти од Европската комисија. Мојот личен став, како и ставот за Законот за судовите, е дека е многу покорисно да изодиме процес на претходи консултации отколку потоа да поправаме одредени грешки.

Затоа минавме неколкумесечни консултации со Венецијанската комисија со цел да го добиеме најдоброто законско решение. Тоа го направивме за Законот за судовите, а истиот принцип го следевме за Законот за спречување на корупцијата и судир на интерес, кој беше испратен до Европската комисија. Добивме мислење во кое се даваат препораки за подобрување на текстот во неколку одредби.

Првата се однесува на составот на телото. Во текстот, којшто е даден во собраниска процедура, предвидено е ДКСК да биде составена од седум члена, додека пак препораката на европските експерти е Комисија да биде петчлена. Бараат помало и кохерентно тело.

Понатаму, имаат сугестии околу делот на селекција на кандидатите. Нашата и нивна заложба е да добиеме максимално најдобри кандидати кои ќе бидат членови на ДКСК, па прашањето што го поставуваат е како да обезбедиме сигурност дека Комисијата за избор и именување во Собранието ќе гарантира дека ќе ги избере оние што се најдобри“, вели министерката за правда.

Дескоска вели дека во Министерството за правда се изработени две алтернативи за коишто Министерството смета дека можат да одговорат на ова прашање, и тие се испратени до Европската комисија.

„Во делот на прекршоците, во нашиот предлог стои дека некои прекршочни постапки ДКСК ги води сама, а некои ги пушта на суд во прекршочна постапка. Нивната заложба е ДКСК да биде главниот прекршочен орган којшто ќе ги  изрекува санкциите, а потоа ако се оди на суд, тоа ќе биде врз основа на тужба од оној кому ќе му биде изречена прекршочна санкција. Таа измена ја направивме, со тоа што морам да потсетам дека ние разговаравме како опција со оглед на моменталните административни капацитети на ДКСК и од тие причини беше предложено ова решение, но доколку се смета дека така ќе бидат поефикасни, го вметнавме ова нивно решение.

Во делот што се однесува на разграничување на надлежностите помеѓу самата ДКСК и Секретаријатот, дадена е препорака да направиме дел од надлежностите да ги врши самиот Секретаријат, да не бидат на товар на самата Комисија“, објаснува Дескоска.

„Ова се сумарните препораки што ги дадоа. Направивме амандмани на Законот, а целиот текст е повторно пратен на Европската комисија, очекуваме повратен одговор. Ни ветија дека ќе биде што е можно поскоро со цел да можеме да ја изодиме постапката во рамки на Собранието, за донесувањето на законот да заврши овој месец, според нашиот план. Сè зависи од тоа кога ќе добиеме повратен одговор на амандманите што ни ги пратија.

Препораките што ги добиваме од Европската комисија е дека нам ни треба комисија што ќе биде избрана по највисоки критериуми, а овие препораки што ги добивме се однесуваат токму на процесот на селекција. Моја првенствена цел во рамките на Министерството за правда е да ги внесеме највисоките европски стандарди што ни ги сугерираат Европската Унија и Венецијанската комисија.  Секако, конечната одлуката дали ќе продолжат моментално со селекцијата е на Собранието, и е вон мојата надлежност. Мојата заложба е секоја препорака да ја вметнеме во Законот“, додава министерката за правда.

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

M.В