/ Прочитано:

1.673

Потребни се нови мерки и политики за да се спречи одливот на мозоци од општествените науки

Повеќе од две третини од научниците одопштествените науки размислуваат за напуштање на земјата, a 20% од нив веќе презеле конкретни активности, беше истакнато на денешната промоција на документот за јавна политика „Воспоставување на критериуми за квалитет во општествените науки во функција на спречување на одливот на мозоци од Република Македонијa“, во издание на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје.

Студијата ја промовираше проф. д-р Дарко Спасевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, а свои обраќања имаа  и Александар Николов од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и проф. д-р Мишо Докмановиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој е автор на истражувањето. На промоцијата се обрати и Љубен Коцев од Економскиот факултет,каде што предава предмети од областа на правото, и кој важи за успешен пример на млад научник шторешил да се врати во Македонија по неговиот студиски престој во странство.

На денешниот настан, кој се одржа на Правниот факултет, беше образложено дека примарните извори на информации на ова истражување се базираат на анкетатаспроведенаврзнаучници, универзитетски професори, соработници и истражувачи кои работат во областа на општествените науки во РМ.

Анкетата беше спроведена со целната група во периодот од 20 септември до 2 октомври 2017 година. Истражувањето на Институтот покажа дека е создаден потенцијал за миграција на високообразовани професионалци, научници и истражувачи и во општествените науки.Тоа го урива стереотипотшто досега беше присутенво македонската јавност дека потенцијалот за мигрирање доминантно постои во областа на техничките и медицинските науки. Истражувањето покажа дека  68,75% од испитаниците би ја напуштиле земјата и би живееле во странство доколку би им се укажала можност. Истовремено, 27,16% од анкетираните за пет години се гледаат во странство.

Висок интерес за мигрирање покажува категоријата на најобразовано население. Речиси 20% од испитаниците имаат преземено конкретни активности за напуштање на земјата, а преку 40 % од испитаниците би прифатиле работа во странство која не одговара на нивните квалификации.

Проф. д-р Дарко Спасевски нагласи дека клучните фактори за одливот на мозоци од општествените науки во изминатиот период, за што говорат и показателите и сознанијата на кои упатува студијата,се условите за работа, инвестициите во образованието и мотивационите мерки. Во таа смисла, посочи Спасевски, мора да се работи на надминување на овие состојби преку подобрување на условите за работа, преземање на мотивациони мерки и подобрување на можностите за вршење на научноистражувачка работа. Во таков случај, нагласи Спасевски, може да се надеваме и да бидеме оптимисти дека состојбата со одливот на мозоци и воопшто со високото образование ќе биде подобрена.

И за Александар Николов спречувањето на одливот на мозоци одопштествените науки е поврзано со подобрувањето на условите за работа, промената на амбиентот во кој функционира високото образование, но и во зголемувањето на финансиските примања на наставно-научниот кадар. Потребно е, посочи Николов, ревидирање на стратешките документи и на актите штосе однесуваат на високото образование. Она што е важно, додаде Николов, е што оваа публикација како документ за јавните политики дава конкретни препораки за носителите најавните политики.

Проф.д-р Мишо Докмановиќ подвлече дека промоцијата на студијата е во време кога е актуелна темата за подготовката на Законот за високото образование, нагласувајќи дека државата во таа насока мора да се фокусира на ова прашање. Потребен е закон, истакна Докмановиќ,штореално ќе ги отслика потребите на научниците и, во таа смисла, и на научниците од општествените науки.

„Поразителен е податокот дека сите испитаници дадоа идентичен негативен одговор на прашањето дали властите инвестираат доволно во истражување и развој“, нагласи Докмановиќ.

Говорејќи за своите студиски искуства во Германија, Љубен Коцев, кој е дел од наставно-научниот кадар на Економскиот факултет и кој предава предмети од областа на правото, кажадека решил да се врати во Македонија откако му се укажала можност за вработување на УКИМ.

„Решив да го прифатам тој предизвик и да се вратам, иако можев да останам во Германија и да работам вомојата професија. Во Германија заминав по успесите штоги имав како студент, особено на учеството на натпреварот за меѓународна трговска арбитража – Вилем К. Вис под менторство на проф.д-р Тони Дескоски, на кој имавме врвен резултат. Така и се здобив со можноста да аплицирам за голем број на стипендии. За успех е потребно да се има упорност, но и да се има мотивација. Затоа и за спречување на одливот на мозоци клучна е мотивацијата“, истакна Коцев.

Студијата на ИСИЕ нуди неколку препораки за клучните носители на политики, првенствено за Министерството за образование и наука на Република Македонија, за универзитетите, како и за другите институции и организации. Ова истражување беше овозможено со поддршка од програмата Цивика мобилитас.

ОДЛИВ НА МОЗОЦИ И ВО ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ: Некомпетентни луѓе се вработуваат, талентираните истражувачи си заминуваат

M.В