/ Прочитано:

1.149

Презентирана анализа со препораки за функционална децентрализација

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) од САД во Владата ја презентираше Анализата на правниот основ за одлучување на Владата на Република Северна Македонија, со препораки за функционална децентрализација и деконцентрирање на надлежностите по институции за Владата на Република Северна Македонија.

„Сумираните резултати од анализата и препораките имаат цел да послужат како конкретни насоки кои закони и одредби да се разгледаат за измена и дополнување, во законодавна постапка, со цел функционална децентрализација на процесот на одлучување, односно пренесување на надлежноста за одлучување од Владата врз органите на управата, другите органи на државата и управните организации, за поефикасно работење на владините институции“, информираат од Владата.

М.В