/ Прочитано:

2.931

СЈО ја објави кривичната пријава на обвинителот Бубевски против адвокатот Арслани

Обвинителот Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани поради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 ст. 3 в.в ст. 1 од КЗ, информираат од Специјалното јавно обвинителство.

На едно од рочиштата за случајот „Титаник 3“, обвинителите Бубевски и Фетаи истакнаа дека адвокатот Арслани им се заканувал и им ја загрозил сигурноста, но тој го негираше тоа, нагласувајќи дека како адвокат професионално ја врши својата дејност и дека наводите на обвинителите се заради медиумски простор.

Целосниот текст на пријавата на следниот линк.

М.В