/ Прочитано:

2.233

Според Законот за судовите, Врховниот суд утврдува правни мислења и по иницијатива на адвокати

Врховниот суд на Република Македонија по повод иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, поднесени врз основа на членот 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл. весник на РМ бр. 83/18), утврди начелно правно мислење, според кое по истекот на законскиот рок од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија.

Во членот на кој се повикува Судот се пропишува дека Врховниот суд на Република Македонија „утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите од страна на судовите во рок од три месеци, но не подолго од шест месеци по сопствена иницијатива или по иницијатива на претседател на суд или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите или по иницијатива на адвокати и ги објавува на веб страницата на Врховниот суд на Република Македонија.“

Во истиот член, исто така, се пропишува дека утврдените начелни ставови и правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите Врховниот суд на Република Македонија задолжително ги објавува на веб-страницата.

Начелните ставови и начелните правни мислења што ги утврдува Врховниот суд на Република Македонија на општа седница се задолжителни за сите совети на Врховниот суд на Република Македонија.

ВРХОВЕН СУД: По истекот на рокот од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија

Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

М.В