/Прочитано:

2.271

Апелациониот суд ја преиначи првостепената пресуда за Јанкулоска и ја осуди на помала казна

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-46/18, во јавноста познат како ‘Тенк’, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г.  Ј.  од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението на Апелациониот суд.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во првостепената пресуда за  предметот „Тенк“ беше осудена на шест години затвор.

Пресуда за Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“

М.В