/ Прочитано:

1.536

УЈП ќе отпочне со присилна наплата на Радиодифузната такса – граѓаните да ги платат заостанатите долгови

Со цел да не се изложуваат на блокирање сметки и дополнителни трошоци, од УЈП препорачуваат обврзниците навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

УЈП лого

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи ќе отпочне со активности и постапки за присилна наплата.

Со цел да не се изложуваат на блокирање сметки и дополнителни трошоци, од УЈП препорачуваат обврзниците  навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.

Оттаму им препорачуваат на граѓаните да ја  проверат состојбата на долговите за РДТ и да проверат дека плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, преку  користење на електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните можат да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и Master Card безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е- Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp

Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што е потребно е пристап до интернет и е-пошта.

Со апликацијата за М-Даночни сервиси на УЈП преку мобилниот смарт телефон, граѓаните можат од кое било место и во кое било време да вршат on-line:

  • Увид во евиденцијата за радиодифузна такса и
  • Преглед на платени и неплатени решенија за РДТ.

За граѓаните  да можат да ја користат оваа апликација, потребно е претходно да се регистрирани корисници на електронскиот сервис е-РДТ. За повеќе информации и техничка поддршка контактот е преку Инфо центарот 0800 33 000;