/ Прочитано:

985

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ОКТОМВРИ 2014

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2014, заедно со  табеларен преглед.

zelena

Закони кои стапуваат во примена:

На 08.10.2014 започнува да се применува Законот за медијација (основен текст, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/2013)

На 15.10.2014 започнува да се применува Законот за правосудниот испит (oсновен текст, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/2013)

На 15.10.2014 започнува да се применува Законот за матичен број (основен текст, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/2013)

Закони кои престануваат да важат:

На 08.10.2014 престанува да важи  Законот за медијација („Службен весник на Република Македонија” број 60/2006, 22/2007 и 114/2009)

На 15.10.2014 престанува да важи Законот за правосудниот испит („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/2010)

На 15.10.2014 престанува да важи Законот за матичен број на граѓанинот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/1992) Законот престанува да важи, освен членот 4.

Подзаконски акти:

На 01.10.2014 стапува во примена Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од здравственото осигурување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 138/2014 (Закон за здравственото осигурување)

На 01.10.2014 стапува во примена Потточка 17.10  од Одлуката за измена на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народна банка на Република Македонија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2014 (Закон за Народната банка на Република Македонија).

Листата на законите и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена е дадена во следниов табеларен преглед.