/ Прочитано:

1.078

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец НОЕМВРИ 2014

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец ноември 2014, заедно со табеларен преглед.

plava

Закони

На 01.11.2014, стапува во примена одредба од Законот за исплата на платите во Република Македонија (закон за изменување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 139/2014) – Стапува во примена Член 1 од Законот за изменување, кој се однесува на член 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 121/2007.

На 01.11.2014 стапува во примена одредба од  Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката (закон за изменување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 139/2014) –  Стапува во примена Член 1 од Законот за изменување, кој се однесува на член 3, став 2 од Законот за дополнување на Законот, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 121/2007.

На 13.11.2014 стапува во примена одредба од  Законот за катастар за недвижности (закон за изменување и дополнување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014)  – Стапува во примена Член 30, став 2 од Законот за изменување и дополнување, кој се однесува на Член 174, став 1, алинеја 6 од Законот.

На 14.11.2014 стапува во примена одредба од Законот за служба во Армијата на Република Македонија (закон за дополнување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2014) –  Стапува во примена Член 1 од Законот за дополнување, кој се однесува на следнава на член 40-б од Законот.

Подзаконски акти

На 01.11.2014  стапува во примена Одлуката за дополнување на Одлуката за пресметување на плата на пратениците во Собранието на Република Македонија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/2014  (Закон за пратениците) – Стапува во примена целата Одлука за дополнување.

На 01.11.2014 стапува во примена Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2014 година, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 1/2014 и Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2014 година, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 143/2014(Закон за државните службеници) – Стапува во примена Член 2 од Одлуката.

На 01.11.2014 стапува во примена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на судските службеници за 2014 година, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/2014 и Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на судските службеници за 2014 година, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/2014(Закон за судска служба) –  Стапува во примена Член 1, став 2 од Одлуката.

На 01.11.2014 стапува во примена Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на припадниците на судската полиција за 2014 година, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2014 и Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на припадниците на судската полиција за 2014 година, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/2014(Закон за судска служба) – Стапува во примена Член 1, став 2 од Одлуката.

На 01.11.2014 стапува во примена Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот на плаќање на лабораториските испитувања во специјалистичко консултативната здравствена заштита по упат на избран лекар, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014(Закон за здравственото осигурување) – Стапува во примена целиот Правилник за дополнување.

На 01.11.2014 стапува во примена Правилникот за дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 (Закон за здравственото осигурување) – Стапува во примена Целиот правилник за дополнување.

На 01.11.2014 стапува во примена Правилникот за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 (Закон за здравственото осигурување) Стапува во примена целиот Правилник.

На 01.11.2014 стапува во примена Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 (Закон за здравственото осигурување) – Стапува во примена целата Одлука за изменување.

На 01.11.2014 стапува во примена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/2014 (Закон за здравственото осигурување) – Стапува во примена целата Одлука за изменување и дополнување.

На 01.11.2014 стапува во примена Одлуката за изменување и дополнување на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/2014(Закон за здравственото осигурување) – Стапува во примена целата Одлука за изменување и дополнување.

На  13.11.2014 стапува во примена Правилникот за изменување на Правилникот за правилата и постапките на летањето на воздухопловите, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 152/2014 (Закон за воздухопловство) – Стапува во примена целиот Правилник за изменување.

На 30.11.2014  престанува да се применува Уредбата за изменување на Уредбата за утврдување на висината на надоместокот за трошоци на складиштарите за складирање, чување и обновување на стоковните резерви, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/2014 (Закон за стоковните резерви)  – Уредбата за изменување престанува да се применува на 30.11.2014 година.

На  30.11.2014 стапува во примена Упатство за спроведување на Одлуката за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар, „Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2014 (Закон за Народната банка на Република Македонија).  Стапува во примена точка 11, став 3 од Упатството.

Листата на законите и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена е дадена во следниов табеларен преглед.