11 лица од Велешта заработија кривична пријава поради каменување на автобус
Во инцидентот со телесни повреди се здоби една патничка од Вевчани која по извршените лекарски интервенции беше пуштена на домашно лекување. Од СВР Охрид информираат дека групата каменувањето го извршила поттикната од последните настани во Скопје.
Како што велат од полицијата, главно се работи за малолетници кои околу 20 часот во понеделникот се сретнала во центарот на Велешта каде одлучиле да го нападнат и каменуваат автобусот. Потоа се упатиле кон месноста Суво поле во непосредна близина на магистралниот пат Струга-Дебар. Тука го сочекале автобусот по што започнале да фрлаат со камења, бекатон плочки и со други тврди предмети, оштетувајќи ги предните и страничните стакла, како и автобуската каросерија. По извршениот напад и каменување, групата се разбегала низ селото, а дел од учесниците продолжиле да се забавуваат во интернет клубовите.