/ Прочитано:

8.048

12 месеци породилно отсуство и можност отсуството да се комбинира со таткото 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вели дека со новите измени во Законот за работните односи во породилното отсуство од работа, породилното отсуство би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот ќе може да се комбинира со таткото.

„Поаѓаме од стандардите коишто се воспоставени од Меѓународната организација на трудот и тука се препознаваат три категории: отсуство мајчинство, татковство и родителство. Би бил флексибилен периодот на родителството да може едниот родител да отстапи дел од правото за тоа родителско отсуство на другиот родител. Ќе гледаме да го најдеме балансот бидејќи предолгото отсуство на жената од пазарот на трудот ја става во подредена состојба“, рече министерката Шахпаска во емисијата Економски магазин на Алсат.

Минатата година синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците. Новиот Закон за работните односи, истакнаа од ССМ, треба да ги содржи европските и светските тенденции во работно правните односи. Во таа насока, Синдикатите објавија дека се залагаат за:

  • договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови и со траење до 1 година
  • 38 часовна работна недела,
  • породилно отсуство во траење од 12 месеци,
  • доследно почитување на правото за уредување на плата со закон и КД
  • целосно остварување на правото на годишен одмор
  • сабота и недела денови на неделен одмор
  • унапредување на здравите и безбедни услови за работа во компаниите.
  • почитување на конвенциите за слобода на синдикално организирање и функционирање
  • Работодавачот да биде должен да ги отпочне преговорите во рок од 30 дена од доставен присмен предлог на Колективен договор на ниво на работодавач од страна на синдикатот.
  • унапредување на колективното договарање ( потпишување на ОКД за приватен сектор и за јавен сектор) и социјалниот дијалог на сите нивоа затоа што не може да се одлучува за нашите права без нас.

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците

Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство

За предизвиците пред кои се наоѓа системот на пензиското и инвалидското осигурување – проф. д-р Лазар Јовевски

Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ

Јавна расправа за потребните измени на ЗРО: Да се гарантира заштитата на работничките во случаите на бременост и породилно отсуство

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

M.В