/ Прочитано:

5.753

19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо

Кривичниот суд донесе пресуда за обвинетата Ангела Ѓорѓиевска, која беше обвинета за убиството на Пинета Секондо. Судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.

Во пресудата се наведува дека Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството на Секондо, кое според доказите го сторил обвинетиот  Али Фуркан,  кој е во бегство.

Во обвинителниот акт против Ѓорѓиевска беше наведено дека на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо-Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка.

„Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот ‘шкода’ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе“, беше наведено во обвинителниот акт.

Обвинетата за убиството на Пино Секондо ја негира вината

Одложено првото судско рочиште за убиството на Пино Секондо

Поднесено обвинение за убиството на Пино Секондо

М.В