/ Прочитано:

967

2,1 милијарди долари, толку чини работењето на Хашкиот трибунал досега

Понеделник, 3 декември 2012 – За 19 години постоење, Хашкиот трибунал достигнал трошоци од 2,1 милијарди долари. Во Трибуналот работат 873 службеници од 77 земји, а неофицијално платата на главниот хашки обвинител, Серџ Брамец, изнесува 40.000 евра.

Во 1993 година кога е формиран Хашкиот трибунал, буџетот на Трибуналот изнесувал 260.000 долари за 20 години, буџетот е зголемен за 1000 пати. Од буџетот се финансира и одбраната на обвинетите доколку тие не можат самите да си ја финансираат. Отприлика 10% од буџетот оди за одбраната на обвинетите. Дел од буџетот се издвојуваат за сведоци и вештаци, им се надокнадува патот и времето кое го изгубиле додека сведочеле на Трибуналот. Нив им се платени и оброците како и дневни трошоци кои изнесуваат и по 30 евра.

Надокнада од 200 долари дневно добиваат и вештаците, а им се рефундираат трошоците за сместување и пат.

Според официјалните податоци, Трибуналот се финансира од редовните допринеси на членките земји на Обединетите Нации (ОН), меѓу нив најголем финансиер е САД.

Покрај редовните средства од земјите членки, Трибуналот се финансира од други земји, во вид на донации. Сепак, доброволните донации изнесуваат 1 % од вкупниот буџет на Трибуналот и најчесто се користат за есхуминација и за односите со јавност на Трибуналот.

За неполни 20 години од неговото основање, Трибуналот осудил  89 лица на 1.380 години затвор, а најголем број од осудениците се српски државјани,  осудени на вкупно 1.125 години затвор. Од осудениците, 67 се Срби, 14 се Хрвати, потоа следуваат Бошњаците, двајца Албанци и еден Македонец.