23 април, 2013 12:29
paula
/ Прочитано:
2176 пара фалсификувани балетанки завршија кај цариниците на Богородица
Вторник, 23 април 2013 – Царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија 2.176 пара балетанки поради основано сомнение дека повредуваат права на интелектуална сопственост на познад бренд. Облеката и обувките се со потекло од Турција, според првичните информации стоката е наменета за увозник од скопското село Кондово.
Запленети се 2.176 пара балетанки кои ги увезувала фирма од скопско Кондово. Балетанките биле спакувани во 136 картонски кутии, а нивната вредност вредност е проценета на 3.264 евра.
Поради сомневање дека станува збор за фалсификат на заштитена трговска марка, стоката е привремено задржана до утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост