/ Прочитано:

1.210

СУДЕЊЕ „Метастаза“: Рочиштето се одложи за следната недела

Четврток, 30 јули 2012 – Неуспешен старт на „Метастаза“ по годишните одмори, главниот претрес се одложи поради отсуство на дел од обвинетите. Инаку за денеска беше предвидено сускиот совет да одлучи за новите докази што ги предложи одбраната. Се работи за медицинска документација и пари најдени во домовите на обвинетите. Судскиот процес кој се води против докторите и службениците од ПИОМ, но и посредници е пред самиот крај, набрзо се очекува пресуда. 

Според обвинението по предметот за случајот Метастаза, доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да се стекнат со правото на користење на инвалидска пензија. Членовите на лекарските комисии и посредниците наводно барале од 1500 до 4000 евра. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. Групата дејствувала 2 години, а докторите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот на ПИОМ за 53.000 евра.

Повеќе за предметот може да прочитате тука.


Тек на рочиштето

10:10 –  Законските услови за одржување на главниот претрес не се исполнети поради отсуство на дел обвинетите. Следното рочиште е закажано за  05.09.2012 година во 10 часот.

10:03 – Рочиштето почна. Судијата Ѓоко Ристов, на шега забележа дека присутните делуваат освежено по паузата од месец и половина наменети за годишни одмори.