/ Прочитано:

1.155

28 години од основањето на Детската амбасада „Меѓаши“

Денеска се навршуваат 28 години од оформувањето на Детската амбасада Меѓаши. Зад нас, агласуваат од Детскат аамбасада, се години и години работа.

„Поголеми или помали, кризите се составен дел од нашата историја, а за оној кој страда или има потреба од помош, не постои помала или поголема криза.
1992-1996
Посветени на поддршката на децата погодени од војната во поранешна Југославија/деца-бегалци од Босна и Херцеговина згрижени во Македонија
Започнавме со босанската криза и потребата да се згрижат голем број деца-бегалци. Организиравме лет од Сараево и јавно повикавме за згрижување на децата во Македонија. Со голем дел од тие деца (сега возрасни) сме сѐ уште во контакт, некои волонтираат, а некои физички оддалеку, но во срцето блиску, следат и понатаму што работиме.
https://www.youtube.com/watch?v=epWnA9k7-_k&t=994s
https://www.facebook.com/groups/mojdrugidom/

1999-2000
Косовската криза, поддршка на децата-бегалци од Косово во Македонија
Работевме и во камповите за време на косовската криза.
https://www.facebook.com/pg/megjashi/photos/?tab=album&album_id=130948550304430

2001-2006
Конфликтот во Македонија
Згриживме 16 внатрешно раселени лица од Арачиново во нашето прифатилиште, семејства со 8 деца. Во ова прифатилиште се родија три бебиња − Александар, Марија и Никола. Семејствата беа згрижени во нашето прифатилиште пет години. Организиравме летни кампови за над 500 деца, пет години по ред од кризните подрачја во Македонија..
https://www.facebook.com/groups/2387578188142339/
https://www.facebook.com/pg/megjashi/photos/?tab=album&album_id=165771196822165
2016
Поплавата во Стајковци
Поплавата во Стајковци ја поминавме заедно со група волонтери речиси цело време на терен. Овозможувавме директна помош на погодените во храна и лекови, а во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во с. Стајковци, заедно со ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија отворивме медицински пункт каде за децата се обавуваа прегледи и медицинска заштита.
https://www.facebook.com/groups/856858227777831/

2016-2017
Помош и поддршка на миграните кои транзитираа преку Македонија
Последната бегалска криза нѐ водеше од Табановце до Гевгелија, директно работевме со децата-бегалци, собиравме хуманитарна помош, но и се обидовме да поттикнеме емпатија и разбирање кон бегалците преку прирачникот „Сите сме деца на овој свет“ во кој е разработена содржината за начинот на кој треба да се разговара со децата за бегалската криза
Хуманитарна помош, облека и обувки за 350 деца од пет центри за деца бегалци без родителска грижа сместени на граничната зона во Турција со Сирија, обезбедени преку кампањата „Македонија со љубов за Алепо“.
https://youtu.be/s0N71FOf904
https://youtu.be/uXMAlKFG51E
https://youtu.be/OfRCsiilJKo
https://www.flickr.com/photos/childrens_embassy/35387616401/in/datetaken-public/
https://www.flickr.com/photos/childrens_embassy/32900588690/in/datetaken-public/
2020
Коронавирусот COVID – 19
Оваа криза денес особено тешко нѐ погодува бидејќи не можеме да работиме надвор, директно со децата. Оваа криза бара да се дистанцираме од надворешниот свет и да наоѓаме креативни решенија како топлината на човечките интеркации да ја одгледуваме социјално дистанцирани. Како да помогнеме некому од дома, но и директно, на терен кога тоа е неопходно, како да дознаеме на кого му треба помош. И секојдневно откриваме дека може, дека сме тука едни за други, дека работата на Меѓаши продолжува, какви и да се околностите.
Поради вонредно настанатата состојба, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ обезбеди:
– заштитна опрема за медицински лица кои работат со деца;
– хуманитарна помош во храна и средства за хигиена за маргинализирани групи;
– едукативни содржини наменети за најмладите со маскотата на Меѓаши „Бушавко“;
– започна платформа/ФБ-група на тема „ЗАЕДНО ДОМА“ со цел да се поттикне креативното и квалитетното поминато време со децата во услови на пандемија. Потсетуваме дека изолацијата заради коронавирусот е можност за возрасните времето со децата да го искористат на интересен начин, исполнет со креативни и образовни содржини, децата да почувствуваат дека се поддржани, полесно да ги сфатат информациите кои ги слушаат, да се информирани соодветно на нивната возраст, но не и преоптоварени со сето она што се случува. Сакаме да поттикнеме споделувања на игри, учења, хумор, песни, цртежи, кратки видеа, фотографии… Да покажеме како може да се биде креативен и забавен, иако се седи дома.
http://www.childrensembassy.org.mk/pocetna-ns_article-zaedno-doma.nspx
http://www.childrensembassy.org.mk/donacii.nspx
https://youtu.be/wSVeBjYC4hg
Се надеваме и посакуваме да нема кризи во иднина, луѓето одговорно и со љубов да се грижат за околината и да се грижат едни за други, особено за децата, а духот на солидарност и меѓусебно разбирање да го градиме со сите сили и понатаму.
Рекоа за нас
https://www.youtube.com/watch?v=wMoTREdcv98&feature=youtu.be
Мисија на Детската амбасада Меѓаши
Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.
Визија на Меѓаши
Поправеден свет за секое дете
Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ – Република Македонија е меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето формира на 29 април 1992 година во Скопје, Република Македонија“;се наведува во соопштението на „Меѓаши“.

Повеќе информации на следниот линк:http://www.childrensembassy.org.mk.