/ Прочитано:

3.384

Неготинецот што ја уби мајка си, испратен на трајно лекување во „Бардовци“

Четврток, 15 ноември 2012 – Основниот суд во Велес денеска донесе пресуда за неготинецот Димитар Спасов (23) кој ја уби својата мајка и ја фрли во контејнер да биде упатен на трајно чување и лекување во психијатриска установа. 

Оваа одлука судот ја донел откако психијатриските лекарите од Клиничкиот центар во Скопје го прогласија Спасов за непресметлив. Според вештите лица, Спасов во моментот на убиството бил во параноидна халуцинациона состојба. Поради опасноста за околината, велешкиот суд одлучи да го упати на трајно чување и лекување во психијатриската установа „Бардовци“.

Димитар Спасов на 15 јули оваа година во семејниот стан во центарот на Неготино го извршил грозоморното убиство на својата мајка. Тој најпрвин со нож ја заклал за потоа да го фрли нејзиното тело во контејнер. Непосредно по убиството тој се исповеда на социјалните мрежи, наведувајќи ги мотивите за убиството.