/ Прочитано:

840

30 дена притвор за Демири и Исмаиловиќ – обвинетите од случајот „Монструм“ кои беа уапсени на Косово

Вторник, 5 март 2013 – На Алил Демири и  Африм Исмаиловиќ, првоообвинетите за петкратното убиство кај Смиљковското езеро кои беа уапсени пред два дена на Косово, откако денеска се изведени пред истражен судија, 48-часовниот екстрадициски притвор им е продолжен за 30 дена. 

Инаку денешното рочиште за случајот „Монструм“ продолжи со доказната постапка, односно со изведување на транскриптите од телефонските разговори на обвинетите, па судскиот совет ја исклучи јавноста. Минатиот пат се слушна за поврзаноста на обвинетите со петкратното убиство. Во црвениот „Опел омега“ форензичарите пронашле ДНК на првообвинетиот Алил Демири.

 По  екстрадирањето на Демири и Исмаиловиќ во земјава, се очекува судскиот процес да почне од самиот почеток.