/ Прочитано:

1.110

30 дена притвор за српскиот тајкун, Мирослав Мишковиќ

Петок, 14 декември 2012 – Мирослав и Марко Мишковиќ, Миле Ѓурашковиќ и уште четворица осомничени од синоќа се во 30 дневен притвор. Обвинителството ги гони за злоупотреба на службената положба, извлекување пари и имот од приватизирани компании за патишта, со што противправно се здобиле со 30 милиони евра.

Останатите тројца осомничени за малверзации при приватизација компанијата за изградба на патишта ќе се бранат на слобода, пренесуваат српските медиуми. 

„На предлог на Обвинителството за организиран криминал судијата донесе решение да се одреди притвор во траење од 30 дена за осомничените Мирослав и Марко Мишковиќ, Миле Ѓурашковиќ, Ристе Ристиќ, Зоран Михајловиќ, Дејан Јефтиќ и Здравко Рашо.Имено, на предлог на обвинителството, судијата изрече мерка забрана на напуштање на државата на осомничените Милутин Гашевиќ, Зоран Каитовиќ и Предраг Филиповиќ. Тие ќе се бранат на слобода“, специјалниот обвинител за организиран криминал Милјко Радисавлевиќ.

Обвинителот Милјко Радисавлевиќ појаснува дека истрагата ќе продолжи и понатаму со обиди да се соберат се повеќе докази и да може по истрагата да се донесе конечна одлука за текот на оваа истрага. Тој рекол дека повеќето од осомничените во текот на испрашувањето ги негирале делата за кои се осомничени, а обвинителството веќе имало цврста основа за подготовка на обвинение. 

Во средата српското обвинителстото за организиран криминал потврди дека е приведен еден од најмоќните луѓе во Србија, сопственикот на „Делта холдинг“ Мирослав Мишковиќ, но и неговиот син Марко кој е сопственик на „Мера инвестмент фунд“, Мило Џурашковиќ, сопственик на „Нибенс груп“ и уште 7 лица кои се под сомнение дека извршиле злоупотреба на службена положба.

Сите приведени се осомничени дека ја злоупотребиле службената должност односно дека влечеле финансиски средства и имот од приватизираните јавни претпријатија со што незаконски се здобиле со имотна корист од 30 милиони евра. Како што наведуваат оттамунекогаш недопирливиот Мишковиќ во еден наврат прибавил имотна корист во вредност од 1,5 милиони евра. Според обвинителството, претходно „Претпријатието за патишта Ниш“ за приватизацијата од „ПЗП Белград“ подигнало кредит во висина од 23 милиони евра од фирмата на српскиот тајкун, „Хемслејд трејдинг милитид“ од Кипар, со годишна камата од 3 отсто. Меѓутоа наместо кредит од 25 милиони евра со камата, на Мишковиќ му се исплатени 26.5 милиони евра.