30 новокотирани акционерски друштва од денеска ќе тргуваат на Берза
Вторник, 11 јуни 2013 – Од денеска на Македонската берза стартува тргувањето на првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.
„Со новокотираните акционерски друштва, вкупниот број друштва што котираат на Македонската берза АД Скопје од 32 се зголемува на 62 компании. Со тоа значајно ќе се подобри транспаретноста во нивното работење поради што може да се очекува да се прошири изборот на потенцијалните инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за вложување во финансиските инструменти коишто се тргуваат на берзата“, се наведува во соопштението од Македонската берза.
По овој повод, во Македонската берза ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата со првите 30 новокотирани акционерски друштва, а ќе се одржи и презентацијата на проектот за задолжителна котација на која ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска.