/ Прочитано:

1.010

На граничниот премин Богородица во товарен воз откриени 31 илегален имигрант

Четврток, 14 март 2013 – Синоќа на граничниот премин Богородица при обид за влез во Македонија, биле откриени илегални имигранти од Брегот на Слоновата Коска, Сирија, Мали, Сенегал, Авганистан, Конго и Буркина Фасо. 

Македонската полиција синоќа во воз открила 31 илегален имигрант кои доаѓаат од Брегот на Слоновата Коска, Сирија, Мали, Сенегал, Авганистан, Конго и Буркина Фасо, а се обиделе да влезат во земјава преку граничниот премин Богородица.

Илегалните мигранти биле откриени во 21 часот во пет вагони од возот кој се движел на релација од Грција кон Македонија.

Пред само 2 дена осум Сиријци кои исто така се криеле во товарен воз биле спречени нелегално да го преминат граничниот премин Богородица. По разговорот со нив, тие и биле предадени на грчката полиција на граничниот премин Евзони.