ДИК: До 13 часот излезноста е 24,44 отсто

Недела, 7 април 2013 – До 13 часот на локалните избори гласале 259.059 граѓани, или 24,44 проценти од гласачите. Во првиот круг на изборите во истото ова време излезноста била 34,89 проценти, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

До 13 часот излезноста во вториот изборен крг од локалните избори изнесува 24,44 %  или  на гласање излегле 259.059 гласачи. Во Скопје излезноста е 19,69%, односно  до 13 часотгласале 85 886 граѓани, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК). Оттаму посочуваат дека одзивот во вториот круг до 13 часот е помал од гласањето пред две недели.

Според портпаролката на ДИК, Билјана Јовановска, најголема излезеност до 13 часот има воДебарца 46,06%, додека најмала е излезноста во Сарај каде што гласале само 4,3% од избирачите.

Засега од ДИК не известуваат за одредени нерегуларности кои се забележани во текот на денешното гласање.

>> Целосниот извештај на ДИК може да го проследите тука