/ Прочитано:

1.091

5 години условна казна и 10 години забрана за влез во Македонија за Кенди Данлап поради шверц со монети

Среда, 24 октомври 2012 – Американката Кенди Данлап која беше фатена на скопскиот аеродром со 265 монети за кои таа тврдеше дека и биле подарок од луѓето на кои им помагала како медицинска сестра, доби условна казна од 5 години  и  10 годишна забрана за влез во земјава.

Данлап која што била дел од хуманитарна мисија во земјава, според Kривичниот суд во Скопје каде и се судеше, со умисла се обидела да ги изнесе археолошките предмети. Данлап во текот на судењето тврдеше дека монетите и ги подариле како награда за нејзината хуманост, луѓе на кои им помагала, иако идентитетот на овие лица никогаш не го обелодени. За монетите тврдеше дека не знаела дека се вредни.

Монетите на Данлап и се одземени и ќе и бидат вратени на државата.