/ Прочитано:

807

5 години затвор за поранешниот косовски обвинител Назми Мустафи

Четврток, 23 мај 2013 – Поранешниот косовски обвинител за борба против корупција, Назми Мустафи  е осуден на пет години затвор под обвинение за корупција.

Судот во Косово го прогласи Мустафи за виновен по две точки: за злоупотреба на службената положба и за незаконско поседување на оружје.

Покрај затворската казна Мустафи ќе плати и 10.000 евра глоба.

Други четворица службеници на кои истоо така им се судеше, беа прогласени за виновни за корупција и се осудени од шест месеци до четири години затвор. Секој од нив треба да плати казна од 10.000 евра.

Поранешниот шеф на Одделот за субивање на корупција при Косовското обвинителство беше уапсен на 2 април 2012 година од ЕУЛЕКС под сомнение дека изнудувал пари од лица кои биле под истрага.