5 месеци затвор за стружанецот што минатата година го запали македонското знаме
Понеделник, 4 февруари 2013 – Апелација ја потврди пресудата за Мунир Исмаили, стружанецот кој јануари минатата година го запали македонското знаме пред зградата на Општина Струга, со која го осуди на 5-месечна затворска казна.
Исмаили е осуден на казна затвор од 5 месеци за предизвикување меѓунационална и меѓуетничка нетрпеливост и омраза против државните симболи. Имено 48 – годишниот Исмаили е лани во јануари го запали македонското знаме пред општината во Струга.
Според Исмаили ваквата одлука е политичка бидејќи како што вели до сега не е осуден ниту еден Македонец за палење на албанско знаме.