6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од коронавирусот
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас. Главните наоди од истражувањето покажуваат дека:
▪ 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од коронавирусот склучени во првите шест месеци од кризата.
▪ Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2 милиони евра води според износот на склучените договори.
▪ 43 % од вредноста на сите тендери им припаднала само на пет фирми, иако вкупно 186 фирми добиле тендер поврзан со коронавирусот.
▪ За 68 % од склучените договори институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.
▪ На секој трет склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.
▪ Постојат значајни разлики во цените на набавените маски, скафандери и ракавици.
„Дел од договорите не содржат прецизен опис на производите што се набавуваат, што остава простор за злоупотреби при реализација на договорите“, се резимира во Истражувањето.
М.В