7-годишна затворска казна за Христијан Шапкар за глисерската несреќа во Охрид
Четврток, 31 јануари 2013 – Основниот суд во Охрид денеска донесе пресуда со која го осуди Христијан Шапкар на казна затвор од 7 години, за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Согласно првостепената пресуда, Шапкар е виновен за глисерската несреќа која се случи на 22 август 2009-та година, во која загина скопјанката Ирина Романова-Муцунска.
Шапкар пред судот најпрво се бранеше со молчење, а потоа се одлучи да ја даде својата одбрана пред судот. Се изјасни како невин, велејќи дека знае за што е обвинет, но ги негираше извештаите од истрагата дека бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата, односно дека во крвта имал 1,08 промили алкохол.