/ Прочитано:

1.131

80 милиони денари за Собранието на РМ за кампања за референдумот

„На денешната 84-та редовна седница, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на 80 милиони денари од тековната буџетска резерва кои ќе бидат ставени на располагање за спроведување кампања, врз основа на одобрен план, на Собранието на Република Македонија како овластен предлагач на референдумот. Доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот на Република Македонија“, информираат од Владата.

Во врска со референдумот распишан од страна на Собранието на Република Македонија, Владата на РМ одлучи да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност, односно поконкретно преку процес на планирана јавна комуникација за референдумот, за да ги оствари следните комуникациски цели:

– прикажување на добивките за граѓаните на Република Македонија од влезот на Македонија во Европската Унија;

– прикажување на добивките за граѓаните на Република Македонија од влезот на Македонија во НАТО;

– објаснување пред граѓаните на Република Македонија на Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство и

– повикување на граѓаните на Република Македонија на остварување на правото на гласање на референдумот и на преземање одговорност за носење важни одлуки.

Во спроведување на планираната јавна комуникација за референдумот Владата на Република Македонија ќе ги користи следните комуникациски алатки:

– комуникација со и преку медиумите – соопштенија за јавноста, брифинзи, изјави, прес-конференции, интервјуа и гостувања на ТВ и на радио;

– комуникација преку социјалните медиуми – Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Фликр и Јутуб, за што Владата ќе реализира средства во износ од 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата, а останатите комуникациски алатки ќе се реализираат во рамките на редовните владини активности;

– активности од јавен карактер – теренски посети, неформални средби, состаноци, гостувања и учество на јавни настани.

„Во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот, Владата на Република Македонија ќе работи транспарентно и отчетно, согласно стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективнoст, пропорционалност и рационалност“, стои во соопштението на Владата.

Собранието ќе формира координативно тело за спроведување на референдумот

Одлука за начинот на избор на ИО во ДКП и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство

Претседателот на ДИК вели дека нема фантомски гласачи во Избирачкиот список

Програма за задолжителна едукација на изборни органи за спроведување на референдум на државно ниво

ДИК ќе го дополнува Правилникот за референдумот

Соопштение на „Цивил“ во врска со пријавени проблеми со Избирачкиот список

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција  

М.В