/ Прочитано:

4.202

Сашо Димитријоски нов директор на Агенцијата за електронски комуникации

Сашо Димитријоски доаѓа од местото директор на Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет). Во неговата биографија се наведува дека е експерт од областа на информатиката и телекомуникациите.

 

Untitled 11

Сашо Димитријоски е нов директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Комисија во состав на АЕК на 27 јануари донела одлука местото на првиот човек да му припадне на Димитријоски кој официјално ја презема функцијата од денеска.

Како што се наведува во одлуката објавена на веб-страната на АЕК, на Јавниот оглас биле пријавени девет кандидати чија документација била уредна.

Комисијата како орган на АЕК едногласно донела одлука за именување на Димитријоски за директор на Агенцијата.

Сашо Димитријоски доаѓа од местото директор на Македонска академска истражувачка мрежа (МАРнет). Во неговата биографија се наведува дека е експерт од областа на информатиката и телекомуникациите, а на позицијата директор на МАРнет бил од февруари 2011 година.

Во периодот од 2006 до 2010 година бил член на Бордот на директори на T-Mobile Македонија. Од 2009 до 2011 година бил на позицијата државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација.

Димитријоски доаѓа на челната позиција во АЕК откако во ноември минатата година му истече петгодишниот мандат на дотогашниот директор Роберт Ордановски.