/ Прочитано:

1.586

МЕТОДОЛОГИЈА НА ДИК: Спорните податоци од вкрстената анализа ќе се проверуваат теренски

Заради обезбедување на политичка доверба во постапката на подготовка, организирање и спроведување на теренската проверка набљудување можат да вршат четирите најголеми политички партии во Собранието кои ќе номинираат свои претставници во избирачките одбори, односно работата на секој контролор и анкетар можат да ја следат најмногу двајца претставници од политичките партии, и тоа еден од власта еден од опозицијата.

izbori-2-e1361976322957.jpg

Државната изборна комисија ја објави усвоената методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверка и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и дуги соодветно признати методи.

Покрај вкрстената анализа на податоците од десет државни институции кои се иматели на податоци на граѓаните на Република Македонија која ќе ја вршат неколку аналитичари преку независна проверка на податоците, ќе се врши и теренска проверка на податоците.

Според методологијата, предмет на теренската проверка ќе бидат само оние записи кои ќе останат спорни по претходно спроведените проверки, статистички анализи и вкрстени проверки.

Податоците добиени од теренската проверка ќе се користат за утврдување на моменталната сотојба на Избирачкиот список, односно утврдување дали и во која мерка тој ја остварува својата цел да биде јавна исправа во која се внесени податоците на сите граѓани со право на глас и локациите каде го остваруваат правото на глас согласно одредбите од Изборниот законик.

Теренската проверка ќе се врши преку директен контакт и увид во идентификационите документи и преку индивидуално анкетирање по принципот „едно лице – еден прашалник“.

Заради обезбедување на политичка доверба во постапката на подготовка, организирање и спроведување на теренската проверка набљудување можат да вршат четирите најголеми политички партии во Собранието кои ќе номинираат свои претставници во избирачките одбори, односно работата на секој контролор и анкетар можат да ја следат најмногу двајца претставници од политичките партии, и тоа еден од власта еден од опозицијата.

Покрај методологијата, ДИК објави и Правилник за методологијата за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за сроведување на теренска проверка заради ажурирање на Избирачкиот список според кој детално се опишани обврските на секоја зсегната страна.

ДИК веќе распиша оглас за избор на ИТ компании/експерти кои ќе работат на вкрстена проверка на Избирачкиот список која се очекува да започне во текот на идната недела.