Комисиска расправа за измените на Законот за обезбедување на побарувањата
Предложените измени, според образложението на законот, се во насока на обезбедување на законска рамка за воведување на евиденција (нови регистри) за фидуцијарен пренос на правото на сопственост на подвижни ствари и продажба со задржување на правото на сопственост кај подвижни ствари.
Пред пратениците на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се наоѓаат измените на Законот за обезбедување на побарувањата.
Предложените измени, според образложението на законот, се во насока на обезбедување на законска рамка за воведување на евиденција (нови регистри) за фидуцијарен пренос на правото на сопственост на подвижни ствари и продажба со задржување на правото на сопственост кај подвижни ствари.
Регистрите на еквивалентите на залогот му овозможуваат на доверителот да се стекне со обезбедување (залог) на своите побарувања без да поседува физичка сопственост врз истото, додека должникот ја поседува сопственоста и владението врз предметот на залог.
„Со регистрирање на ваквите трансакции се обезбедува поголема сигурност и транспарентност за доверителот дека тој е единствениот кој го поседува залогот како гаранција за неговото побарување кон должникот. На овој начин се овозможува потенцијалните доверители или купувачи полесно да откријат дали постојат скриени товари врз предметите што ги прифаќаат како залог, односно да ги искористат за обезбедување на трансакциите што ги вршат меѓусебно“, се наведува во образложението на измените.
Со овој предлог на закон исто така, се врши усогласување со Законот за извршувањето. Со оглед на тоа што извршувањето е целосно преземено од страна на извршителите, а во Законот за обезбедување на побарувањата постојат одредби во кои е предвидено дека некои дејствија во извршувањето може да ги прави и нотар, неопходно потребно е овие одредби да се уредат, односно да се избрише нотарот.