90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик во законскиот рок
Податоците од Регистарот на вистински сопственици, од 28-ми април, се веќе јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар. Директорката на ЦРРСМ, Бошковска Јанковски, денеска изјави дека најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти или сметка во банка.
„Очекуваме овој процент и дополнително да се зголеми, со оглед на тоа што правните субјекти што немаат пријавено вистински сопственик ќе се соочат со пречки во работењето во правниот и во финансискиот промет. Од субјектите коишто поднеле пријава, околу 47.600 се друштва со ограничена одговорност со едно лице (ДООЕЛ) , околу 9.600 се друштва со ограничена одговорност (ДОО), 285 се акционерски друштва, 6.030 се здруженија на граѓани и 5.769 останати субјекти со други организациски облици.
За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број на сопственици запишани за еден правен субјект е 34, и тоа е Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија. Во регистарот се запишани приближно 70.150 различни физички лица како вистински сопственици. Од нив 93,5% се македонски државјани, 0,5% се странци со регулиран престој, а останатите 6%, односно околу 4.300 лица, се странци. Странците доаѓаат од 88 држави, а најмногу вистински сопственици – странци имаме запишано од следните пет држави: Турција, Бугарија, Србија, Грција и Германија. Најголем број на субјекти каде што едно исто лице се јавува како вистински сопственик е 25 правни субјекти, а околу 62.200 лица се јавуваат како вистински сопственици на само еден правен субјект. 69.025 лица се запишани како вистински сопственици преку индикаторот директна сопственост, 2.755 лица преку индикаторот индиректна сопственост и 11.797 лица преку индикаторот „на друг начин остварува контрола“.
Иако рокот за уписите во Регистарот на вистински сопственици е завршен, останува обврската секој новооснован субјект во рок од осум дена од основањето да го запише вистинскиот сопственик. Постоечките правни лица ќе треба континуирано да ја пријавуваат секоја промена во сопственичката структура во рок од осум дена од нејзиното настанување. Сите уписи извршени во законските рокови се бесплатни.
Заклучно со 27-ми април, сите податоци од регистарот се доставени до надлежните институции за натамошно постапување и до банките, кои имаат клучна улога како субјекти кои преземаат мерки за спречување на перење пари и финансирање тероризам.
- 9.284 правни субјекти пријавиле вистински сопственик во законскиот рок, што претставува околу 90 % проценти од вкупниот број на субјекти што имаат обврска за внес.
- За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број на сопственици запишани за еден правен субјект е 34.
- 70.150 различни физички лица се запишани како вистински сопственици. Од нив 93,5% се македонски државјани, 0,5% се странци со регулиран престој, а останатите 6%, односно околу 4.300 лица, се странци.
- од 88 држави доаѓаат странците – вистински сопственици,
- Турција, Бугарија, Србија, Грција и Германија се земјите од каде има запишано најмногу вистински сопственици – странци.
- 69.025 лица се запишани како вистински сопственици преку индикаторот директна сопственост, 2.755 лица преку индикаторот индиректна сопственост и 11.797 лица преку индикаторот „на друг начин остварува контрола“.
Пет држави од кои доaѓаат најмногу вистински сопственици странци
Централен регистар: Пуштен во употреба регистарот на вистински сопственици
Регистарот на вистински сопственици ќе се стави во функција на почетокот од 2020 година
Вистински сопственик на правно лице
Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите
Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура
Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
М.В