< 2020 >
September
MoTuWeThFrSaSu
 123456
78910111213
14151617181920
2122
  • 10:00 -12:30
    22/09/2020Europe/Skopje

    На 22 септември, преку интернет-платформата Zoom, Академик ќе одржи онлајн обука од областа на јавните набавки, на тема „Услови за утврдување способност на економските оператори“. Предавач на обуката ќе биде Габриела Папеш, сертифициран обучувач за јавни набавки, коавтор на повеќе прирачници и брошури од областа на јавните набавки.

    Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи, економски оператори, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата единица за јавни набавки.

    Цел на обуката е да се разработи новиот Закон за јавните набавки со акцент на утврдувањето на способноста на економските оператори.

    Како дел од агендата подетално ќе се обработат сите аспекти при утврдувањето способност на економските оператори во текот на спроведувањето на јавните набавки:

    • задолжителни основи за исклучување од постапката;
    • незадолжителни (опционални) основи за исклучување од постапката;
    • способност за вршење професионална дејност;
    • економска и финансиска состојба;
    • техничка и професионална способност;
    • услови за квалитативен избор на економските оператори;
    • стандарди за системи за квалитет и стандарди за управување со животната средина;
    • докази дека не постојат причини за исклучување од постапката;
    • користење способност на други субјекти (поддршка, подизведувачи);
    • има ли можност за дополнување при утврдување на способноста;
    • специфики кај одредени постапки;
    • единствен документ за докажување на способноста;
    • најчести дилеми и отворени прашања на комисиите за јавни набавки при евалуација на понудите, со разгледување на случаи од праксата.
2324252627
282930