< 2021 >
March
  • 16

    АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Ефикасно јавно говорење“

    10:00 -13:00
    16/03/2021Europe/Skopje

    На 16.3.2021 година (вторник) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „ЕФИКАСНО ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ“. Обуката ќе се одржи од 10:00 – 13:00 часот, а предавач ќе биде Елизабета Недановска – правник и експерт за комуникација, која работи во оваа област повеќе од 20 години.

    Вештината за јавно говорење и за одлична лична презентација може да биде главната разлика меѓу постигнувањето успех или неуспех. За многу професии таа е многу значаен и суштествен дел за напредување. Но, јавното говорење не е природно стекната вештина. Токму затоа Академик ќе одржи обука на тема „Ефикасно јавно говорење“, преку која слушателите ќе имаат можност за кратко време значително да ја подобрат својата самодоверба, да научат да управуваат со емоциите и со говорот на телото. Вештината на јавно говорење и разбирањето на културата на изразувањето се клучот на успехот денес, кога личниот настап е битен сегмент во градењето на довербата кај слушателите, кај деловните партнери и кај општата јавност.

    Идеалниот настап при деловни состаноци, при раководење со човечки ресурси, при презентација на производи, при можности за напредување во кариерата или пак пред медиумите опфаќа повеќе елементи. Обуката ќе ве подготви за силна и моќна интерпретација на вашите искуства и ставови, со правилно осмислување и креирање на содржината на пораката, со правилна употреба на вербалната и невербалната комуникација, со соодветна мотивација, флексибилност и со одличен стил.

    Агенда

    1. Јавно говорење – подготовка
    • Анализа на слушателот / целни групи
    • Интерес на јавноста
    • Одлики на добриот говор
    • Елементи на говорот
    • Намерно стимулирање на значења во умот на другиот
    1. Вербален говор
    • Правила на вербалниот говор (такт, интонација, модулација, артикулација, боја, висина…)
    • Гласот како алатка
    • Постигнување ефект
    1. Невербален говор
    • Скриени пораки
    • Говорот на телото
    • Контакт со очите, држење, допири…
    1. Надминување на тремата и стресот
    • Алатки и трикови
    • Подготовка
    1. Надминување на незгодни прашања и ситуации
    • Начини и вештини за разрешување
    • Што понатаму?
    1. Прашања, консултации, дискусија

    Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 15.03.2021 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со: електронски уред (компјутер, таблет итн.); стабилна интернет-врска;
    микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .

  • 18

    ОНЛАЈН ОБУКА: „Корпоративна комуникација“

    10:00 -13:00
    18/03/2021Europe/Skopje

    На 18.3.2021 година (четврток) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „Корпоративна комуникација“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде Елизабета Недановска – експерт за корпоративно комуницирање и јавно говорење, правник со мастер специјализација за корпоративна комуникација, со долгогодишно искуство во работа со внатрешна и надворешна јавност на повеќе институции.

    Перформансот на компаниите директно зависи од човечкиот капитал во нив и од успешната интерна комуникација. Надворешното постигнување на компаниите е резултат на начинот на управување со организациската комуникација, стекнатите вештини за корпоративна комуникација и пренесувањето на иста порака кон надвор. Денеска корпоративната комуникација е услов за добар бизнис и за одлична репутација. За нејзино усовршување потребен е стратешки приод, потребно е планирање, воведување механизми за внатрешна и надворешна комуникација и механизми за разрешување конфликти.

    Корпоративната култура и комуникација се стекнува. Таа не е генетика, ниту е специфичност на поединец, туку се заснова на способноста на поединецот да се приспособува кон воспоставени механизми и цели, да дели и да даде личен придонес кон развојот и одличниот перформанс и имиџ на институцијата во која работи или со која управува. Вештините за одлична корпоративна комуникација се тема на обуката „Корпоративна комуникација“, која ќе се одржи на 18.3.2021 година.

    Агенда

    1. Институционална комуникација – потреба за јакнење
    • Интерна комуникација
    • Екстерна комуникација
    1. Идентитет
    • Имиџ
    • Репутација
    1. Алатки за квалитетна комуникација
    • Стратешки приод и планирање
    • Ефикасни механизми
    • Кодекс на облекување
    • Градење тимски дух
    • Комуникација во кризни ситуации
    1. Култура на односи со јавноста
    • Канали на комуникација
    • Формална и неформална комуникација
    1. Надминување на конфликти
    • Видови конфликти
    • Начини и вештини за разрешување
    • Што понатаму?
    1. Прашања, консултации, дискусија

    Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 17.3.2021 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните: +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и сертификат за учество, којшто ќе биде пратен по пошта.

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .