< 2021 >
April
MoTuWeThFrSaSu
   1234
567
  • 10:00 -13:00
    07/04/2021Europe/Skopje

    Поради голем интерес, на 7.4.2021 година (среда), Академик ќе одржи уште една обука на тема „Клучни теми и предизвици во примената на Законот за заштита на личните податоци“. Обуката ќе се одржи од 10:00 – 13:00 часот, а предавач ќе биде Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници и експерт за заштита на личните податоци, кој работи во оваа област од 2009 година.

    24 август 2021година е последен рок за контролорите и обработувачите на лични податоци да го усогласат своето работење со начелата, вредностите и правилата за заштита на личните податоци предвидени во новиот Закон за заштита на личните податоци. Во овој период контролорите и обработувачите на лични податоци ќе треба да ги преземат соодветните мерки за надградба и прилагодување на својот систем за заштита на личните податоци во согласност со законот.

    Во таа насока, Академик организира обука за Законот за заштита на личните податоци, на која учесниците, меѓу другото, ќе бидат запознаени со новините кои се воспоставени со новиот закон, со правата и обврските кои произлегуваат од овој закон, како за субјектите така и за контролорите и обработувачите на личните податоци, со улогата и обврските на офицерот за заштита на личните податоци, како и со мерките што треба да се преземат за да се обезбеди заштита на личните податоци во согласност со законот.

    Исто така, учесниците на обуката ќе бидат запознаени на кој начин можат да направат самоевалуација на усогласеноста на своето работење со прописите за заштита на личните податоци. Ќе им биде дадена и уникатна можност бесплатно да добијат ПРАШАЛНИК ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА, специјално дизајнирана, ефикасна и крајно корисна алатка за контролорите при проверката на статусот на усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци.

    Оваа општа обука е прва во серијата обуки од областа на заштитата на личните податоци кои понатаму ќе ги организира Академик на специјализирани теми за одделни важни прашања опфатени со законот.

    Агенда

    – Новините во новиот Закон за заштита на личните податоци

    – Клучни теми и прашања за заштита на личните податоци

    • Личен податок
    • Согласност
    • Контролор и обработувач
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Права на субјектот на личните податоци
    • Безбедност на личните податоци

    – Обврски на контролорот

    – Технички и организациски мерки за заштита на личните податоци

    – Видеонадзор

    – Самоевалуација

    – Практични примери

    – Прашања и дискусија

    Цената за учество на обуката е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 6.4.2021 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    +389 02 3221 091 и
    +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество. Како што беше напоменато, по завршувањето на оваа обука, учесниците ексклузивно ќе го добијат и Прашалникот за самоевалуација, односно листата за проверка на усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци.

    Објаснување за платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

891011
12131415161718
19202122232425
2627282930