< 2021 >
May
MoTuWeThFrSaSu
     12
3456789
1011
  • 10:00 -13:00
    11/05/2021Europe/Skopje

    На 11.5.2021 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Клучни теми и предизвици во практичната примена на новиот Закон за урбанистичко планирање“.

    Обуката ќе се одржи од 10:00 – 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде м-р Јулијана Ставревски, диа (АПП) – експерт кој работи во оваа област од 2009 година, со практично искуство во изработката на повеќе урбанистички планови и проекти, како и со активно учество во комисии за урбанизам при Министерството за транспорт и врски, како и во општини во Република Северна Македонија.

    На почетокот на јуни 2021 година изминува првата година од примената на новиот Закон за урбанистичко планирање, кој воведе значајни новини и промени во однос на повеќе прашања, но и предизвици во нивната практична примена.

    Во таа насока, целта на оваа обука е, меѓу другото, да се предочат разликите во видовите планови и плански документи, нивното донесување и содржината, фазите, планските периоди, времетраењето на изработката, како и потребите за спроведување на синхронична, обединета постапка и начинот на спроведување на техничка исправка, кои се процедури кои за прв пат се појавуваат во новиот Закон за урбанистичко планирање.

    Исто така, обуката ќе ја опфати и измената во спроведувањето на урбанистичките планови со помош на изводи или повеќе видови на урбанистички проекти кои се пропишани со овој Закон, што е прашање од голема важност.

    Агенда

    Важни новини во новиот Закон за урбанистичко планирање:

    – Хиерархиска и хоризонтална усогласеност на системот за просторно и урбанистичко планирање;
    – Услови за планирање, АГП и планска програма, податоци, информации и мислења;
    – Отпочнување на постапка за донесување на урбанистички план;
    – Видови урбанистички планови, нивно донесување и содржина, фази, плански период, времетраење на изработка;
    – Стручна ревизија, стручна расправа и јавна презентација со јавна расправа;
    – Јавна презентација и јавна анкета;
    – Пренаменување на земјиштето во градежно земјиште;
    – Новини во важењето на урбанистичките планови и нивна суспензија;
    – Потреба за спроведување на синхронична и на обединета постапка за донесување на урбанистичките планови, неусогласеност на урбанистички планови;
    – Прецизирање и јасно утврдување на постапката за техничка исправка на урбанистички план.

    Органи и тела надлежни за водење на постапката за изработување и донесување на урбанистичките планови
    – Програми за финансирање на изработката на урбанистичките планови на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје и на Владата на РСМ и рокови за нивно донесување;
    – Органи и тела надлежни за водење на постапката за изработување и донесување на урбанистички планови (Комисија за урбанизам, партиципативно тело, комисии за стручна ревизија, стручна расправа итн.).

    Спроведување на урбанистичките планови
    – Новина во актите со кои се спроведуваат урбанистичките планови;
    – Видови на урбанистички проекти;
    – Извод од урбанистички план и потврда за урбанистичка усогласеност, како задолжителни чекори при спроведување на урбанистичките планови;
    – Преодни законски решенија.

    Прашања, одговори и дискусија

    Напомена: Можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 2.400 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 10.5.2021 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
    +389 02 3221 091 и
    +389 02 3122 308.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Објаснување за платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .

12
  • 10:00 -13:00
    12/05/2021Europe/Skopje

    На 12.5.2021 година (среда) Академик ќе одржи онлјан обука на тема „Клучни теми и предизвици во примената на Законот за заштита на личните податоци“. Обуката ќе се одржи од 10:00 – 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници и експерт за заштита на личните податоци, кој работи во оваа област од 2009 година.

    24 август 2021 година е последен рок за контролорите и обработувачите на лични податоци да го усогласат своето работење со начелата, вредностите и правилата за заштита на личните податоци предвидени во новиот Закон за заштита на личните податоци. Во овој период контролорите и обработувачите на лични податоци ќе треба да ги преземат соодветните мерки за надградба и прилагодување на својот систем за заштита на личните податоци во согласност со законот.

    Во таа насока, Академик организира обука за Законот за заштита на личните податоци, на која учесниците, меѓу другото, ќе бидат запознаени со новините кои се воспоставени со новиот закон, со правата и обврските кои произлегуваат од овој закон, како за субјектите така и за контролорите и обработувачите на личните податоци, со улогата и обврските на офицерот за заштита на личните податоци, како и со мерките што треба да се преземат за да се обезбеди заштита на личните податоци во согласност со законот.

    Исто така, учесниците на обуката ќе бидат запознаени на кој начин можат да направат самоевалуација на усогласеноста на своето работење со прописите за заштита на личните податоци. Ќе им биде дадена и уникатна можност бесплатно да добијат ПРАШАЛНИК ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА, специјално дизајнирана, ефикасна и крајно корисна алатка за контролорите при проверката на статусот на усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци.

    Агенда

    – Новините во новиот Закон за заштита на личните податоци

    – Клучни теми и прашања за заштита на личните податоци

    • Личен податок
    • Согласност
    • Контролор и обработувач
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Права на субјектот на личните податоци
    • Безбедност на личните податоци

    – Обврски на контролорот

    – Технички и организациски мерки за заштита на личните податоци

    – Самоевалуација

    – Практични примери

    – Прашања и дискусија

    Напомена: Можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 2.400 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 11.5.2021 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
    +389 02 3221 091 и
    +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество. Како што беше напоменато, по завршувањето на оваа обука, учесниците ексклузивно ќе го добијат и Прашалникот за самоевалуација, односно листата за проверка на усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци.

    Објаснување за платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .

     

13141516
1718
  • 10:00 -13:00
    18/05/2021Europe/Skopje

    На 18.5.2021 година (вторник), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „ЕФИКАСНО ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ“. Предавач на обуката ќе биде Елизабета Недановска – правник и експерт за комуникација, која работи во оваа област повеќе од 20 години.

    Вештината за јавно говорење и за одлична лична презентација може да биде главната разлика меѓу постигнувањето успех или неуспех. За многу професии е многу значаен и суштествен дел за напредување. Но, јавното говорење не е природно стекната вештина. Токму затоа Академик ќе одржи обука на тема „Ефикасно јавно говорење“, преку која слушателите ќе имаат можност за кратко време значително да ја подобрат својата самодоверба, да научат да управуваат со емоциите и со говорот на телото. Вештината на јавно говорење и разбирањето на културата на изразувањето се клучот на успехот денес, кога личниот настап е битен сегмент во градењето на довербата кај слушателите, кај деловните партнери и кај општата јавност.

    Идеалниот настап при деловни состаноци, при раководење со човечки ресурси, при презентација на производи, при можности за напредување во кариерата, или пак пред медиумите опфаќа повеќе елементи. Обуката ќе ве подготви за силна и моќна интерпретација на вашите искуства и ставови, со правилно осмислување и креирање на содржината на пораката, со правилна употреба на вербалната и невербалната комуникација, со соодветна мотивација, флексибилност и со одличен стил.

     

    Агенда

    1. Јавно говорење – подготовка
    • Анализа на слушателот / целни групи
    • Интерес на јавноста
    • Одлики на добриот говор
    • Елементи на говорот
    • Намерно стимулирање на значења во умот на другиот
    1. Вербален говор
    • Правила на вербалниот говор (такт, интонација, модулација, артикулација, боја, висина…)
    • Гласот како алатка
    • Постигнување ефект
    1. Невербален говор
    • Скриени пораки
    • Говорот на телото
    • Контакт со очи, држење, допири…
    1. Надминување на тремата и стресот
    • Алатки и трикови
    • Подготовка
    1. Надминување на незгодни прашања и ситуации
    • Начини и вештини за разрешување
    • Што понатаму?
    1. Прашања, консултации, дискусија

     

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 2.400 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 17.5.2021 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Објаснување за платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/

1920212223
242526
  • 10:00 -13:00
    26/05/2021Europe/Skopje

    На 26.5.2021 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Приватност наспроти видео мониторинг – предизвици при имплементирање на прописите за заштита на личните податоци при вршење видео надзор“. Предавач на обуката ќе биде  Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници, и експерт за заштита на личните податоци, кој работи во оваа област од 2009 година.

    Оваа специјализирана обука од областа на заштитата на личните податоци е фокусирана исклучиво на видео надзорот, како една од посебните операции за обработка на лични податоци.

    На обуката ќе бидат детално разработени прашањата поврзани со должностите и обврските на контролорите кои вршат видео надзор, условите, начинот и обемот во кој може да се врши видео надзорот, актите што треба да се донесат во согласност со законот, подготвувањето на анализа и периодична оценка за вршењето на видео надзорот, како и правата на субјектите на лични податоци во случаи кога постои повреда преку вршење на видео надзор.

     Во текот на оваа специјализирана обука ќе биде нагласен практичниот аспект на темите што ќе се обработуваат, така што учесниците ќе бидат во можност преку практични примери и интерактивно учество да добијат одговори на прашањата поврзани со подготовката и примената на актите, политиките, анализите и извештаите за вршењето на видео надзорот кои ги задоволуваат условите и барањата во законот.

    Напоменуваме дека заради квалитетна реализација на оваа специјализирана, практична и интерактивна обука, бројот на учесници е ограничен на 25.

    Агенда

    • Правна рамка за заштита на личните податоци
    • Обработка на личните податоци преку систем за вршење на видео надзор
    • Анализа на целта/целите за поставување на видео надзор и периодична оценка
    • Содржина и форма на актот за вршење видео надзор
    • Практични примери и судска пракса
    • Прашања и дискусија

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 4.100 денари со вклучен ДДВ.

     Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 25.5.2021 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

     

    Објаснување за платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

27282930
31