< 2022 >
October
SuMoTuWeThFrSa
      1
23456
  • 10:00 -15:00
    06/10/2022

    На 6.10.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Како да воспоставиме добар и одржлив систем за заштита на личните податоци“.

    По една година од целосното имплементирање на новиот Закон за заштита на личните податоци, контролорите сè уште наидуваат на предизвици за воспоставување на системот за заштита на личните податоци, кој не би требало да претставува само носење на одреден број неприменливи акти и политики. Спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци во секојдневното работење може да претставува предизвик и е комплексен процес, а во таа насока е многу битно да се разбере суштината на Законот и добро да се испланира насоката која ќе ја одбереме за спроведување на законските одредби. Подготовките и доброто планирање претставуваат основен столб за воспоставување на одржлив систем за заштита на личните податоци.

    За таа цел, Академик во рамките на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на барање на контролорите, ја организира оваа обука во која ќе се разработат чекорите за успешно спроведување на Законот и за поставување на ефикасен систем за заштита на личните податоци. Обуката ќе се спроведе преку обработка на практични примери произлезени од праксата.

    Предавач ќе биде Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.

    Агенда

    • Поими и начела на ЗЗЛП
    • Правниот основ и начинот на документирање на активностите за обработка на лични податоци
    • Спроведување на внатрешна анализа кај контролорот
    • Подготвување на акциски план за усогласување со ЗЗЛП
    • Улогата на офицерот и администраторот во планирање и спроведување на активностите
    • Уредување на обврските контролор – контролор, контролор – обработувач и заеднички контролори
    • Внатрешни контроли и систем за обука
    • Преку практични примери дискусија за видеонадзорот, за проценката на влијанието, за обработката на посебни категории лични податоци и за други теми од интерес на учесниците.

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цена за учество на обуката

    Цената за учество за едно лице е 4.900 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 5.10.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници ќе биде ограничен.

78
910111213
  • 10:00 -15:00
    13/10/2022

    Обуката е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    Предавач ќе биде Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Агенда 

    10:00 – 11:30: Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:

    • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
    • Изготвување на техничка спецификација
    • Средства за обезбедување

    Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчестокористените)

    • Набавка од мала вредност
    • Поедноставена отворена постапка
    • Отворена постапка
    • Постапка со преговарање без објава на оглас
    • Набавка на посебни услуги

    11:30 – 12:00: Пауза

    12:00 – 13:30: Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите

    • Како се докажува способноста на економските оператори?
    • Што е дозволено да се дополнува и да се појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
    • Како се утврдува невообичаено ниска цена
    • Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување)
    • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
    • Управна контрола – кога се применува

    13:30 – 13:40: Пауза за кафе 

    13:40 – 15:00: Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори 

    • Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

    Измени на договорите во тек на нивната важност 

    • Во кои случаи може да дојде до измена на договорите при извршување
    • Кои измени се дозволени
    • Кога може да се раскине договорот

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ. 

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 12.10.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници е ограничен.

1415
16171819202122
23242526272829
3031