< 2022 >
December
  • 01

    АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци“

    10:00 -14:00
    01/12/2022Europe/Skopje

    На 1.12.2022 (четврток), Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци“. Обуката ќе се одржува од 10:00 до 14:00 часот, преку платформата ZOOM.

    Предавач на обуката ќе биде Арбен Гудачи – правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници, како и консултант за заштита на личните податоци.

    Улогата на офицерот за заштита на личните податоци е клучна во обезбедување на усогласеност со Законот за заштита на личните податоци. Контролорите кои утврдиле обврска за назначување  офицер за заштита на личните податоци се должни да назначат лице кое ги исполнува условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци. Во таа насока, меѓу другото, офицерот треба да има завршено високо образование и да има стекнати знаења и вештини во однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци.

    Академик во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци има организирано многу обуки, опфаќајќи различни сегменти од Законот за заштита на личните податоци. На барање на контролорите и за потребите на офицерите за заштита на личните податоци, Академик ја организира оваа обука наменета за определените офицери за заштита на личните податоци кои сакаат да го надградат своето знаење и вештини, како и за лицата кои сакаат да бидат офицери за заштита на личните податоци. Обуката ќе биде интерактивна и преку практични примери ќе ви ја доближи улогата на офицерот за заштита на личните податоци во секојдневното работење.

    Агенда

    • Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП)
    • Разбирање на начелата за заштита на личните податоци, улогите, одговорностите и активностите за обработка на лични податоци според ЗЗЛП
    • Разбирање на одговорностите на контролорот и обработувачот
    • Правата на субјектите на личните податоци и како тие се применуваат во секојдневното работење
    • Утврдување на правниот основ и водење различни евиденции за мапирање на процесите кај контролорот
    • Правила за меѓународен пренос на податоци
    • Како да извршиме анализа на постојниот систем
    • Како да утврдиме чекори за усогласување со Законот
    • Подготвување на план за обуки и контроли
    • Основните вештини кои треба да ги поседува офицерот за заштита на личните податоци

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката. Времетраењето на обуката, во зависност од интересот на учесниците, може да биде продолжено за половина час.

    Цена за учество на обуката

    Цената за учество за едно лице е 4.900 денари, со вклучен ДДВ.
    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 30.11.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 070/23 23 42 и
    • +389 070/23 25 93.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Објаснување за платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што е неопходно секој учесник да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

  • 14

    АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА „Клучни теми и предизвици во примената на новиот Закон за заштита на потрошувачите“

    10:00 -14:00
    14/12/2022Europe/Skopje

    Новиот Закон за заштита на потрошувачите стапи во сила на 15 ноември 2022 година. Третирајќи ги меѓусебните односи потрошувач – трговец, тој не само што ги дефинира правата на потрошувачите туку ги дефинира и обврските на трговците, поради што е од исклучителна важност за секојдневното работење на секој деловен субјект, без оглед дали е во јавна или во приватна сопственост, кој нуди производи или услуги на пазарот или јавни услуги.

    Со новиот Закон за заштита на потрошувачите е извршено понатамошно усогласување на македонското со европското законодавство од областа на заштитата на потрошувачите (14 ЕУ директиви) и тој воведува многубројни новини, чија цел е, меѓу другото, да се обезбеди високо ниво на заштита на потрошувачите и ефикасни инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови, но и појасно да се дефинираат обврските што треба да ги исполнат трговците и правните лица спрема потрошувачите, како и да се обезбеди понатамошен развој на политиката за безбедност на производите.

    Во таа насока, Академик ја организира оваа обука на која учесниците – трговци/правни лица од приватниот и од јавниот сектор ќе бидат запознаени со новините кои се воспоставени со новиот Закон за заштита на потрошувачите, со клучните теми и концепти што ги утврдува тој, како и со обврските кои ги наметнува за субјектите во деловното работење и во нивните трговски практики.

    Бидете подготвени за имплементација на новите законски решенија во областа на заштитата на потрошувачите и не пропуштајте ја можноста да ја посетите оваа прва генерална обука во организација на Академик. Во следниот период, Академик ќе организира и обуки на специјализирани теми и обуки наменети за одделни деловни субјекти што работат во различни трговски сектори. Затоа, доколку сте заинтересирани, стапете во контакт со нас за можноста за организација на обука наменета само за вашата компанија, според вашите потреби и интереси.

    Учесниците на оваа обука ќе имаат уникатна можност да го набават Коментарот на Законот против нелојалната конкуренција, во издание на Академик (2021), со попуст од 50 %, односно по цена од 781 денари со вклучен ДДВ.

    Предавачи на обуката ќе бидат д-р Валентин Пепељугоски, адвокат и редовен професор на Универзитетот ФОН во Скопје и проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

    Агенда

    • Новините во Законот за заштита на потрошувачите
    • Кој се смета за трговец, а кој за производител
    • Одговорност на трговецот и производителот
    • Нечесни трговски практики
    • Дефинирање на производи и услуга
    • Измамнички и агресивни трговски практики
    • Замена на производите
    • Што е понуда, а што повик
    • Потрошувачки договори
    • Договори на далечина
    • Дигитална содржина
    • Аванс, камата на аванс
    • Кои документи треба да бидат преведени на јазикот на заедницата што е над 20 %

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката. Времетраењето на обуката, во зависност од интересот на учесниците, може да биде продолжено за половина час.

    Цената за учество за едно лице е 6.200 денари со вклучен ДДВ.
    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 13.12.2022 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    071/23 23 42 и 071/23 25 93.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Објаснување на Платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

  • 22

    АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти при спроведување на постапките“

    10:00 -14:00
    22/12/2022Europe/Skopje

    Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    Предавач на обуката ќе биде Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Агенда

    Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:

    • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса
    • Изготвување на техничка спецификација
    • Средства за обезбедување

    Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчестокористените)

    • Набавка од мала вредност
    • Поедноставена отворена постапка
    • Отворена постапка
    • Постапка со преговарање без објава на оглас
    • Набавка на посебни услуги

    Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите

    • Како се докажува способноста на економските оператори?
    • Што е дозволено да се дополнува и да се појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
    • Како се утврдува невообичаено ниска цена
    • Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување)
    • Најчести пропусти од страна на договорните органи и понудувачите преку практични примери на Државната комисија за жалби по јавни набавки
    • Управна контрола – кога се применува

    Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори 

    • Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

    Измени на договорите во текот на нивната важност 

    • Во кои случаи може да дојде до измена на договорите при извршување
    • Кои измени се дозволени
    • Кога може договорот да се раскине

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 5.200 денари со вклучен ДДВ.
    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.12.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    +389 071/23 23 42 и

    +389 071/23 25 93.