< 2022 >
February
SuMoTuWeThFrSa
  12345
678910
  • 10:00 -13:00
    10/02/2022

    Искористете ги предностите и можностите што ги нуди медијацијата за ефикасно, експедитивно и економично решавање на работните спорови и применете ја оваа алтернативна постапка за да заштедите време и средства за вашата организација при решавањето на работните спорови! Обуката во организација на Академик ќе се одржи на 10 февруари 2022 година.

    Според досегашното искуство во примената на медијацијата, споровите во областа на работните односи имаат големо учество во вкупниот број на пријавени спорови за решавање преку медијација, а, исто така, кај нив се забележува и исклучително високо ниво на спорови кои завршуваат со постигнување на спогодба, како исход на постапката.

    Обуката што ја организира Академик ви нуди единствена можност да се запознаете со решенијата што ги нуди новиот Закон за медијација, што започна да се применува на 4 јануари 2022 година и да се подготвите за можноста да ја искористувате и применувате медијацијата како постапка што води кон постигнување на заемно прифатлива спогодба во спорните односи, а притоа ги заштедува ресурсите на вашата организација, во смисла на време, финансиски средства и ангажман на човечките ресурси.

    Покрај темите за основните принципи, правила и поими, на обуката ќе биде детално и конкретно разработена постапката на медијација во работните спорови, видовите на работни спорови што може да се решаваат по пат на медијација, како и досегашните искуства во примената на медијацијата во оваа област.

    Предавач

    д-р Зоран Вучев – лиценциран медијатор, лиценциран обучувач на медијатори и лиценциран помирувач и арбитер во работни спорови, со долгогодишно искуство во областа на медијацијата

    Агенда

    Прв дел: Вовед

    1. Што е медијација согласно Законот за медијација (ЗМ)
    2. Примена на медијацијата согласно новиот ЗМ
    3. Што значи постапката за медијација
    4. Кој може да учествува во постапката за медијација
    5. Видови на медијација
    6. Медијација во прекуграничните спорови

    Втор дел: Начела на постапката за медијација

    • Доброволност
    • Рамноправност и неформалност,
    • Непристрасност,
    • Доверливост,
    • Достапност на информации за медијација во други постапки,
    • Еднаквост на страните,
    • Правичност,
    • Ефикасност и економичност,
    • Употреба на јазик во постапката за медијација

    Трет дел: Постапка на медијација во работните спорови

    • Поведување на постапката за медијација
    • Започнување на постапката за медијација
    • Избор на медијатор(и) во постапката за медијација
    • Обврски на медијаторот
    • Изнесување на предлози во постапката за медијација
    • Завршување на постапката за медијација (исход на медијацијата)
    • Спогодба (по избор извршна исправа) и Изјава
    • Трошоци во постапката за медијација, награда на медијаторот, трошковник и депозит
    • Субвенционирање на постапката за медијација

    Четврти дел: Медијација во работните спорови

    • Досегашна примена на медијацијата кај работните спорови во РСМ
    • Поведени и успешно решени работни спорови во РСМ
    • Видови на работни спорови кои можат да се решаваат по пат на медијација

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество на обуката

    Цената за учество за едно лице е 4.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 09.02.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Објаснување на Платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

1112
131415
  • 10:00 -13:00
    15/02/2022

    На 15.02.2022 година (четврток) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „Најчести пропусти при спроведување на постапките за јавни набавки“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот.

    Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка).

    Оттука, во рамките на обуката ќе бидат опфатени сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на изготвувањето на тендерската документација, на изготвувањето на понудите од страна на понудувачите, како и на евалуацијата на понудите од страна на договорните органи.

    Обуката е дизајнирана да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки од страна на договорните органи и економските оператори, со тоа што најчестите пропусти, како и дилемите кои се јавуваат во реалноста ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со примери од праксата.

    На обуката ќе предава Савка Нејковска-Тасева – дипломиран правник, со положен правосуден испит, вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќе од десет години работно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

    Агенда

    Најчести пропусти при изготвување на тендерската документација од страна на договорните органи:

    • Одлука за спроведување на постапка за јавна набавка
    • Критериуми за избор на најповолна понуда
    • Способност за вршење на професионална дејност
    • Економска и финансиска состојба
    • Техничка и професионална способност
    • Стандарди за систем на квалитет
    • Измена на тендерската документација
    • Задолжителни елементи на договорот за јавна набавка
    • Корекција на цени
    • Техничка спецификација

    Најчести пропусти во фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користени постапки)

    • Постапка од мала вредност
    • Елементи на понудата
    • Услови и докази кои се бараат во тендерската документација
    • Поедноставена отворена постапка
    • Елементи на понудата
    • Услови и докази кои се бараат во тендерската документација
    • Отворена постапка
    • Елементи на понудата
    • Услови и докази кои се бараат во тендерската документација

    Најчести пропусти во фазата на евалуација на понудите

    • Пропусти во согласност со членот 95 од Законот за јавните набавки – докажување на способноста
    • Пропусти во согласност со членот 109 од Законот за јавните набавки – евалуација на понудите
    • Пропусти во согласност со членот 110 од Законот за јавните набавки – невообичаено ниска цена
    • Евалуација на групна понуда
    • Евалуација на понуда кога понудувачот користи способност од други субјекти

    Најчести пропусти во понудите од страна на економските оператори

    • Изготвување на понудата
    • Потпишување на понудата
    • Пополнување на техничка спецификација

    Прашања и дискусија

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 3.800 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 14.02.2022 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Објаснување на Платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

16171819
202122
  • 10:00 -14:00
    22/02/2022

    На 22.02. 2022 година (вторник) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ (ТОМ) ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 14:00 часот.

    Како продолжение на серијата обуки за заштита на личните податоци, Академик организира специјализирана обука за заштита на личните податоци фокусирана на имплементација на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) и подзаконските акти во делот на преземање технички и организациски мерки (ТОМ) за безбедност на личните податоци.

    ЗЗПЛ во голем број наврати низ одредбите го споменува преземањето на соодветни технички и организациски мерки (ТОМ), со тоа потенцирајќи ја нивната важност за соодветната примена на Законот. Самиот Закон не дефинира до крај кои технички и организациски мерки мора да бидат преземени од страна на контролорот, туку тоа го врзува со резултатите од извршената анализа на ризик, која треба да биде основа за воспоставување на системот за заштита на личните податоци, а секако еден од главните столбови на тој систем се и техничките и организациските мерки. Ова подетално е регулирано со Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци, каде што се утврдени мерките.

    На прашањето што точно значат соодветни организациски и технички мерки можеме да одговориме дека тие претставуваат функции, процедури, контроли, системи, активности и мерки кои се преземаат со цел да се заштитат личните податоци што ги обработува една компанија, организација, како и други типови контролори. Тоа што мора да го знаеме е дека не постои еден систем за сите и дека секој систем за заштита на личните податоци кој се воспоставува треба да ја отслика работата и обработката на податоци кај одреден контролор.

    На оваа обука фокусот ќе биде ставен на воспоставување на системот за заштита на личните податоци врз претходно извршена анализа на ризик, со цел доследно имплементирање на ЗЗЛП и Правилникот за безбедност. Овој процес не се гледа одделно од другите обврски од Законот, туку го заокружува целиот процес на имплементација.

    На обуката ќе имате можност да се запознаете со најдобрите практики и решенија за одбирање на најсоодветените мерки.

    Донесувањето на соодветни технички и организациски мерки не треба да се сфати само како обврска која произлегува од Законот, туку и како можност и решение за соодветно организирање на работата на еден контролор, од што, крајно, најголема корист има самиот контролор, имајќи предвид дека без разлика дали станува збор за бизнис активност, работа на институции или активности на здруженија на граѓани, заштитата на информациите е клучна за одржување на нормалното функционирање на контролорот.

    Напоменуваме дека за да ја следите оваа обука пожелно е, но не е неопходно да сте посетиле општа обука за заштита на личните податоци или да имате основно предзнаење за ЗЗЛП.

    Предавач

    Арбен Гудачи – консултант за заштита на личните податоци и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници. Во оваа област работи од 2009-та година и е лиценциран предавач за заштита на личните податоци, со одржани голем број обуки и предавања на оваа тема.

    Агенда

    • Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – насока кон целосно усогласување на работата на контролорите
    • Поими
    • Анализа на ризик
    • Воспоставување на систем за заштита на личните податоци
    • Технички и организациски мерки (ТОМ)
    • Прашања и дискусија

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 6.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.02.2022 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

23242526
2728