< 2022 >
March
MoTuWeThFrSaSu
 123456
78910111213
14151617181920
2122
  • 10:00 -13:00
    22/03/2022Europe/Skopje

     

    На 22.03.2022 година (вторник), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Размислувај неконвенционално во неконвенционално време: користете нови алатки и начини за решавање на проблемите“.

    Во време на брзи промени (општествени, социјални, технолошки…), успешен е оној поединец кој може брзо да се прилагоди на тие промени. Прва задача во таа промена е да се промени начинот на кој размислуваме, односно да се размислува неконвенционално во неконвенционално време.

    Целта на оваа обука е да ви овозможи да се стекнете со практични и применливи вештини за размислување кое е поинакво од вашиот вообичаен начин на размислување, да размислувате од сосема нова перспектива и без никакви ограничувања наметнати од претходното искуство и знаење.

    Корист од тоа ќе има и вашата организација, било да работите самостојно или во тим, но и самите вие како поединец. Научете едноставни техники, чекори и процеси, практични алатки за секојдневна употреба, кои ќе ви помогнат да размислувате надвор од границите и ограничувањата, кои ќе ви помогнат да се спротивставите на нормите, на конвенциите, да го видите она што другите не можат или не сакаат да го видат.

    А по завршување на обуката ќе се стекнете со:

    • поголема свесност за моќта на отворениот ум,
    • јасни техники како да развивате различен пристап кон проблемите и
    • применливи алатки кои веднаш ќе може да ги употребите во пракса.

    Предавач

    Катерина Златановска Попова – кариерен советник, обучувач за меки вештини, Point of you© коуч, консултант за човечки ресурси, која повеќе од 20 години е активно вклучена во програми за едукација на млади и возрасни преку формално и неформално образование работејќи како професор, предавач, сертифициран обучувач на возрасни, советник за развој на кариера и експерт за развој на човечки потенцијал. Поседува државен сертификат за обучувач на возрасни, GCDF Советник за кариерен развој, SDI (Strengths Deployment Inventory) фасилитатор, Point of you© коуч, консултант за човечки ресурси – Регрутација и селекција врз база на компетенции. Претседател е на Собрание на Асоцијацијата на Советници за развој на кариера, АСК.

    Агенда

    • Отворете го својот ум и пристапувајте им на решенијата на поинаков начин
    • Што попрецизно значи „размислувај неконвенционално“ (out of the box thinking)?
    • Зошто неконвенционалното размислување се смета за една од клучните вештини за човештвото во 21 век?
    • Клучни карактеристики на неконвенционалното размислување
    • Како овој пристап кон решавање на проблемите ќе ви помогне да имате предност пред вештачката интелигенција
    • Практични индивидуални и групни вежби
    • Реални студии на случај за примена на алатките кога се работи за решавање на проблемите.

    Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

    Цената за учество за едно лице е 3.200 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

    Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.03.2022 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

    • +389 02 3221 091 и
    • +389 02 3122 308.

    Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

    Објаснување на Платформата ZOOM

    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

    • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
    • стабилна интернет-врска,
    • микрофон и звучници (или слушалки).

    Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

    За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.

2324252627
28293031